Овие бисквитни колачи се прават од само четири состојки и потребни се само десет минути за печење. Нема ништо полесно. Може да бидат покрцкави ако ги оставите во рерна неколку минути подолго.
Ова слатко и меко задоволство може да ви го разубави денот. Одлични за со кафе или чај, а децата ги обожаваат поради ситните парченца чоколадо во нив. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (1.верзија): 1 чаша меко брашно Т400, 1 чаша шеќер, 1 јајце, 125 г путер, прстофат прашок за печиво. И уште: парчиња чоколадо за готвење (по избор)
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (2.верзија): 500 г брашно, 3 јајца, 200 г шеќер, 250 г маргарин или путер, 1 кесичка прашок за печиво, 2 кесички ванилин шеќер, 200 г чоколадо по избор исечкано на ситни коцкички
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (3.верзија): 400 г брашно, 2 јајца, 150 г шеќер, 200 г путер или маргарин, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 прстофат сол, 1 лажичка прашок за печиво, 200 г чоколадо
ПОСТАПКА: Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека тој да се растопи и да се згусне смесата. Потоа изматете го омекнатиот путер, па постепено додајте ја смесата од јајца и матете сè додека да се добие изедначена смеса.
Потоа додајте ги сите останати состојки и мешајте со лажица додека да се добие комапктно тесто и почне да се одвојува од ѕидовите на садот.
Доработете го тестото на набрашнета работна површина, уште малку измесете го додека да се добие меко и мазно тесто и вмешајте го ситно исечканото чоколадо. Потоа развлечете кора со дебелина од 0.5 см и вадете колачи со некоја помала чаша.
Од приготвеното тесто можете да направите и валјак, па да ги сечете колачињата. Колачите редете ги во плех обложен со хартија за печење и ставете ги во загреана рерна на 200 степени. печете ги 15-тина минути, додека малку да заруменат, но да останат светли.
Колачите оставете ги да се оладат, па чувате ги во лимена кутија. Можете да ги формирате помали или поголеми, а од третиот рецепт се добиваат приближно 40-50 колачиња со дијаметар од 4 см.