КУГЛОФ СО ЈАБОЛКА И ОРЕВИ…Еднаш го направив и еве пак го правам…Многу вкусен колач…
Сакам да и се заблагодарам на г-ѓа Марија Цветкова за прекрасниот колач со јаболка! Јас го направив точно според нејзиниот рецепт.
Многу сум задоволна од вкусот и самата текстура и изгледот на колачот, што веднаш го повторив зашто се изеде, а планирам да го повторам и тоа наскоро. Вкусен, сочен и ароматичен, а генерално не сакам суви кекси.
Го копирам нејзиниот рецепт и само ќе напоменам дека додадов вкус по желба, неколку капки течна ванила и лимон.
Заборавив да ја додадам содата, но прашокот за печиво ми е од пакетче од 16 г и беше сосема доволно. Нашиот омилен колач со јаболка, еве што ви ем потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца (големи)
1 чајна чаша шеќер 180 г
1/2 чајна чаша масло 80 мл
1 1/2 чајна чаша брашно 200 г
1 прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона (да не е полна)
3 жолти јаболка со средна големина
1 чајна чаша (не преполна) сечкани ореви
1 лажичка цимет и 1 лажица шеќер
ПОСТАПКА:
Прво ја правам смесата. Матам сè, по опишаниот редослед (прво јајцата со шеќерот додека да добиете густа смеса, па маслото и на крај просеаното брашно помешано со прашок за печиво и сода бикарбона).
Потоа ги лупам јаболката и ги рендам. Го цедам вишокот сок од нив и ги додавам оревите, циметот и шеќерот. Мешам.
Половина смеса од тестото ја истурам во калапот (намастен со путер), ги ставам јаболката и врз нив преостанатата смеса.
Се пече во загреана рерна на 160 степени додека да излезе сува чепкалката (при проверка дали е печено, приближно после 30 минути). Откако ќе се излади, посипете со шеќер во прав. Од Румијана Паниовска
БРЗ КУГЛОФ СО ЈАБОЛКА: Без масло, а многу вкусен, мек и сочен