КРЦКАВИ КОЛАЧИЊА СО СУСАМ – ВКУС НА ЃЕВРЕК! Остануваат свежи и мирисни и следниот ден…Ако ги сакате ѓевречињата, тогаш сигурно ќе го сакате и овој едноставен рецепт…Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чаша од 125 мл):
За тесто:
125 г омекнат путер
1 мала чаша масло
2 лажици шеќер во прав (20 г)
2 лажици оцет (15 г)
1 јајце
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
3.5-4 чаши брашно
За потопување:
1/2 чаша вода + 1 лажичка меласа/мед
1.5 чаша сусам
Се печат на 180 степени, 35-40 минути
ПОСТАПКА за рецепт 1:
1.Сусамот кратко истостирајте го на сува тава додека малку да замириса и зарумени. Тргнете го настрана да се лади.
2.Омекнатиот путер, маслото, шеќерот во прав, јајцето и оцетот измешајте ги да се соединат. Додајте сол, прашок за печиво и малку по малку од брашното. Замесете средно меко тесто кое лесно се обликува.
3.Во една чинија растворете ја меласата во вода, а во друга ставете го сусамот. Од смесата правете топчиња и прво потопувајте ги во меласата, а потоа во сусамот.
4.Топчињата редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Ставете ги во загреана рерна на 180 степени и печете 35-40 минути. Оставете да се оладат па послужете ги. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чаша од 125 мл):
За тесто:
125 г омекнат путер
1/2 мала чаша масло (60 мл)
2 лажички шеќер во прав
1 жолчка
2 лажици оцет
1 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво
3 чаши брашно
За потопување:
1 белка
1/2 чаша истостиран сусам
1 лажичка црн ким
Се печат на 180 степени, 30-тина минути.
ПОСТАПКА за рецепт 2:
1.Омекнатиот путер, маслото и шеќерот во прав измешајте ги, па додајте ја жолчката од јајце.
2.Додајте оцет, сол, прашок за печиво и малку по малку од брашното. Замесете средно меко тесто кое лесно се обликува.
3.Белката изматете ја со виљушка. Правете топчиња со големина на орев, па од едната страна потопувајте ги во белката, а потоа и во сусамот.
4.Редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Ставете ги во загреана рерна на 180 степени и печете ги 30-тина минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.