Фото и рецепт: Зорица Наумовска
Потребни состојки: 150 мл млеко +-, 1 сув квасец, 1 јајце, 30 мл масло, рендана кора од лимон по желба, 2 лажици шеќер и 300-350 г брашно. Постапка: Се замесува меко тесто од сите состојки и се остава во намастен сад да стасува на топло.
Откако ќе се удвои, се префрла на набрашнета работна површина и полека, лесно се размесува. Се развлекува кора, па со чаша се вадат форми. Круговите се редат врз платнена салветка и се оставаат да стасуваат, повторно околу половина час.
Во помало тенџере се налева масло за готвење. Потребно е повеќе масло за да не допираат крофните на дното при пржењето.
Се загрева на умерена температура за да не поцрвенат наеднаш. Се пржат прво од горната страна и се поклопува тенџерето со капак. Кога крофните се пржени од едната страна, се вртат и од другата, но овојпат се допржуваат без капак.
Пржените крофни се вадат на хартиена салветка и се наросуваат со шеќер во прав или се полеваат со течно чоколадо, крем или нешто по ваш вкус. Напомена: Поради различноста на брашната, можеби ќе ви биде потребно да додадете уште малку млеко.
Фото и рецепт: Зорица Наумовска