Крофните излегуваат толку меки и вкусни, подобри од купечките. Сигурно веќе си имате некој рецепт запишан во вашиот тефтер, но еднаш пробајте ги и овие крофни, сигурно ќе ви се допаднат.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 мл млако млеко, 1 свеж квасец, 1 лажица шеќер, 2 јајца, 50 мл масло, 700 г меко брашно, 1 лажица сол, масло за пржење, 50 г шеќер во прав за наросување. По желба: еурокрем, џем

ПОСТАПКА:

Млекото ставете го на оган да се загрее, но внимавајте да не се прегрее. Треба да биде млако. Потоа во него разматете го квасецот со малку шеќер. Мешајте додека состојките да се растопат.

Постепено додадете половина од вкупното брашно и мешајте добро додека состојките да ги соединете во мазна смеса без грутки.Во помал сад разматете ги јајцата со сол, додадете ги во смесата, а потоа и маслото, па сето убаво соединете го.

Постепено додавајте ја и втората половина од брашното, па сето заедно замесете го со миксерот во доста густо тесто, а сепак меко. Доколку немате миксер за месење тесто, истото можете да го соединете со лажица, а потоа да го довршите месењето со рака.

Тестото одозгора наросете го со малку брашно, покријте го со сува кујнска крпа или кеса/проѕирна стреч-фолија и оставете го на топло место да стасува додека да ја удвои својата величина.

На работната површина наросете малку брашно на која малку ќе го премесите тестото, ќе го наросете повторно со малку брашно за да не се лепи, а сепак да остане меко, и ќе развиете кора со дебелина од 1 см.

Со чаша или модла вадете ги крофните и редете ги на малку наросена површина со брашно и покривајте ги со кујнска крпа. Преостанатото тесто повторно премесете го, развијте го во кора и така сечете крофни додека да ви се потроши целото тесто.

Кога сите крофни ќе бидат исечени, покриени со кујнска крпа или со кеса, оставете ги да одморат, односно да стасаат 20-тина минути. За тоа време тие малку ќе “збувнат” и ќе нараснат.

Крофните пржете ги со страната на која лежеле, сега да биде нагоре. Се пржат на умерена температура во претходно загреано масло. На пример, на 3 од 6. Прво загрејте го маслото на посилно, па намалете на умерено за да се пржат крофните.

Во текот на пржењето регулирајте ја температурата, односно по потреба засилувајте го или намалувајте го огнот. Кога ќе заруменат, свртете ги од другата страна. Вадете ги на хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.

Кога првпат ќе ги ставите да се пржат, првите две минути можете да ги покриете со капа (не е задолжително) за да “збуфнат” уште повеќе. Сè уште додека се топли можете да ги наросите со шеќер во прав и да ги полните со фил по ваш избор.

coolinarika.com