Кременадлите се омилен ручек на многумина, а најчесто се подготвуваат со пропржување на месото со неколку зачини и лукче. Кременадлите одлично се комбинираат и во вкусна маринада со маслиново масло, лук и рузмарин и на овој начин излегуваат меки и сочни, така што самите се двојат од коската.




Доколку сакате да подготвите ручек кој многумина ќе го пофалат поради неговиот вкус, направете ги овие кременадли кои испробано се многу меки. Наместо да го пржите месото и да стоите на шпрет, наредете го во плех, прелијте со сосот/маринадата и ставете на печење. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: кременадли, сол, црн пипер, кари, сенф, 2 лажици брашно, 2 лажици ајвар, доматен сос, вода, 1 чешне лук (или повеќе).

ПОСТАПКА: Кременадлите кои ги купувам се прилично многу големи, но какви и да купите може да ги подготвите на истиот начин. Најпрво секоја кременадла добро избришете со брисач/салфетка за да биде посува и да фати поубава коричак. Бришетете правете го со натапкување за да не ви се залепи хартијата, ако е потенка.




Потоа зачинувате обилно. Солта брзо исчезнува, па затоа треба да ја ставате набрзина додека гледате на кои места сте ставиле и каде недостасува. Натапкувате со прстите по месото за подобро да го „впие” зачинот. Истото го правите од двете страни на кременадлата и останатите кременадли.




Процесот на зачинување се повторува и со црниот пипер и со карито, а може да ставите и лук во гранули. Карито после печење малку го губи својот вкус, така што не се секирајте ако ви се истури повеќе. После зачинување се премачкуваат кремандлите со сенфот. Јас секогаш велам, не штедете на сенф.




Тој дава толку убав шмек што на секое месо одговара. Обично премачкувате од двете страни на кременадлите, јас обично ги редам една врз друга за со едната страна да се премачка и другата. Настрана во тава или помала рамна тацна (во зависност од големината на кременадлите) ставете брашно и распоредете го насекаде.




Настрана ставете масло во тенџере на рингла и почекајте да се загрее. Кременадлите треба да ги извалкате во брашното од двете страни, а потоа да ги пропржите по неколку секунди или 1 минута (во зависност од дебелината) додека да фатат убава коричка.




Потоа во плех (од шпорет) премачкајте со малку масло и во него распоредете ги запржените кременадли. Во тавчето каде што пржевте додајте го остатокот од брашното кое ви останало и направете смеса со постојано мешање.




Од оваа смеса може да експериментирате: Конкретно јас направив сос, така што во брашното и маслото додадов 2 лажици ајвар и потоа ставав доматен сос и готвев до густина која што ми одговара за да прелијам врз кременадлите. Исто така зачинив и со оригано.




Но, во секој случај може да подготвите и бешамел сос и тој да го прелиете врз кременадлите, што ви се допаѓа повеќе. Врз сосот од домати и ајвар, кој јас го направив додадов уште малку доматен сос и распоредив едно ситно сечкано чешне лук.




Печете на 200 степени, околу 1 час со хартија одозгора, а потоа извадете ја хартијата и допечете уште половина час, на 180 степени. Сепак печењето зависи од дебелината на кременадлите. Деталите поглендете ги ОВДЕ.