I РЕЦЕПТ: Ова е нешто што дефинитивно мора да го пробате. Месото станува многу сочно и меко, има одличен вкус, се топи во уста. Рецептот е многу лесен и едноставен, а под него можете да прочитате и други рецепти за приготвување на кременадли, но со различни вкусови.
Најпрво исчу-кајте ги и зачинете ги кременадлите од двете страни со сол, црн пипер, црвен пипер и рузмарин. оставете ги вака маринирина да отстојат во фрижидер колку подолго, толку подобро. Зачините ќе ги омекнат месото и ќе навлезат подлабоко во сокот.
Потоа кратко пропржете ги 10-тина минути на силен оган, од двете страни колку да се затворат порите и да фатат коричка, а внатре да останат сочни. Потоа веднаш префрлете ги во друг сад со капак, додајте 300-400 мл вода, поклопете и оставете ги да се крчкаат на тивок оган околу еден час.
Повремено проверувајте го месото и по потреба додавајте вода. Не треба да се варат, туку да се динстаат, што значи, во секое време треба да имаат малку вода колку да не загорат. Потоа пригответе го готовиот сос кој многу лесно се прави:
Измешајте една лажичка фант гулаш и паприкаш, 1 лажичка густин и 100-150 мл вода. Додајте ја оваа мешавина во тавата кога речиси е готово и течноста е речиси испарена, па оставете да се готви уште 10-тина минути за да се соедини. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.
I Месото се одвојува од коските и се топи во уста: Кременадли со прилог – не можете да си замислите посочно месо.
Рецепт и видео презентација на “Кујна за 10” – Кременадли со прилог, толку вкусни и сочни, месото се одвојува од коската, се топи во уста како локум. Можете ли да си замислите посочно месо?
Потребни состојки: 1 кг телешка кременадла, зачини (сол, црн пипер, црвена зачинска пиперка), 1 главица кромид, 3 моркови, 1 пиперка, мало парче корен од целер, 200 г печурки шампињони, 1 лажица брашно, 100 мл доматен сос.
Постапка: Телешките кременадли претходно истолчени со чекан за да бидат потенки, зачинете ги од двете страни но не премногу, со сол, црн пипер во прав и малку масло. Можете вака да ги приготвите од претходниот ден, да ги завиткате во кеса или во некој сад и да ги оставите во фрижидер до приготвувањето.
Огноотпорен сад, тепсија или плех, намастете го малку со масло за готвење, па наредете ги кременадлите и ставете ги во загреана рерна на 200 степени. печете ги 20 минути, а потоа извадете ги, внимателно превртете ги од другата страна, па вратете ги назад и печете ги уште 20 минути.
Во меѓувреме во тава на малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид, трите моркови рендани или ситно сечкани, и пиперка исто така сечкана и малку корен од целер. Зеленчукот динстајте го на тивок до умерен уган со постојано мешање околу 10-тина минути.
Во омекнатиот зеленчук додадете 200 г ситно сечкани на ленти печурки шампињони, па убаво соединате ги неколку минути заедно, а додека тие се динстаат пригответе го филот: 2 чаши вода, 1 лажица брашно, малку црн пипер во прав и 100 мл доматен сос.
Сите наведени состојки промешајте ги за да се изедначат, па додадете ги во тавата со шампињоните. промешајте и динстајте 10-тина минути. Смесата од тавата рамномерно распоредете ја во тепсијата со месото, па вратете во загреаната рерна и печете уште 45 минути на 200 степени.
Некаде на половина од печењето уште еднаш преврете го месото. За прилог сварете компир и само 2 минути пропржете го на растопен путер во тава, ова му дава одличен вкус. посолете го и зачинете го по желба. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
III РЕЦЕПТ – Како да ги приготвите најсочните кременадли: месото се одвојува од коски и се топи во уста
Рецепт и видео презентација на Јелена Петровиќ од Бабина кујна – Како да ги приготвите најсочните кремендали. Ова се навистина одлични кременадли, прсти да излижеш, а месото се топи во уста. Толку се сочни и меки, што со помош на овој рецепт секогаш ќе уживате во нивниот вкус.
Она што е најдоброто кај овие кременадли е тоа што се приготвуваат во рерна, па немате прскање и валкање наоколу како што е обичај кај класичното приготвување на кременадлите. Се добива и преубав сос, па заедно со некој прилог, може да послужите комплетен и многу вкусен ручек.
Еве што ви е потребно за да го приготвите ова вкусно јадење: 2 кременадли (може и повеќе, колку сакате), масло, сол, црн пипер, зачин по вкус, 1-2 лажици брашно, малку кари, малку сенф, 1 лажица ајвар, 1 поголемо чешне лук или 2-3 помали.
Постапка: кременадлите ставете ги помеѓу две кеси и врз даска истолчете ги со чекан за толчење да ги стенчите до дебелина од приближно половина прст. Месото мора да се истолчи за да омекне и да не остане незготвено на подебелите делови, обично кај коската.
Отако ќе ги обработите кременадлите, секоја посолете ја малку од двете страни, зачинете со сув зеленчуков зачин (вегета), а потоа и запиперете, најдобро со свеже мелен црн пипер за да добие убава арома. По желба ставете и малку кари и добро протријте го месото.
Откако убаво ќе ги зачините кремендалите, преку целата површина премачкајте ги со тенок слој сенф (може да ставите и повеќе, но имајте во предвид дека после печењето ќе преовладува вкусот на сенф). Вака премачканите кременадли извалкајте во брашно, убаво да се обложат.
Откако вака ќе се приготви месото, потребно е да се пропржат малку на загреано масло за да се затворат порите на месото и да добие убава румена боја, а во средината да остане сочно и богато со сопствените сокови. Значи, во една нелеплива тава загрејте малку масло на умерена температура.
Спуштете ги кременадлите во маслото и пржете ги по неколку минути од двете страни додека да заруменат. Во истото масло во кое се пржеа кременадлите ставете 1-1,5 лажица брашно и пропржете го околу половина минута, додека малку да ја смени бојата.
Додадете една лажичка црвена зачинска пиперка во прав и една лажица ајвар, па добро промешајте да се изедначат. Потоа налејте малку вода и промешајте за да добиете кашеста структура. Во запршката додадете малку зачин и повторно промешајте за да се раствори.
Кременадлите ставете ги во огноотпорен сад или плех во кој ќе ги готвите и одозгора прелијте ги со приготвената запршка. Во овој сос додадете и малку сечкано лукче (едно поголемо или повеќе, по желба). Може да додадете и еден домат исечкан домат на коцки.
Садот покријте го со алуминиумска фолија и ставете ги кременадлите да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. пред крајот од печењето извадете ја фолијата за малку да се запече месото, но не премногу за да не се исуши и да не ја изгуби сочноста.
Печените кременадли извадете ги од рерната и оставете ги малку да подизладат, а потоа послужете ги со некој прилог како компир пире, печени компири, варен ориз, варена зеленчукова мешавина и слично. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.