Оваа торта нема пандишпан како што имаат останатите торти и колачи. Без печење, направете ја најкремастата торта која се состои од 3 различни филови добиени од иста смеса. Измиксајте сѐ за неколку минути, а потоа само филувајте. Најтешко од сè е чекањето тортата да се олади во фрижидер. Кога објаснувам дека во рецептот нема пандишпан, сите ми се чyдат и се прашуваат како ја правам.




Освежителна торта сладолед која освен што прекрасно изгледа, има и преубав вкус. Се прави многу лесно и брзо и има три слоеви кои одлично се комбинираат заедно. Базата е чоколадна, а сите три делови се разликуваат со додавање на различни состојки како плазма, млечно чоколадо, ореви… Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 300 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 500 г шлаг (по можност во прав), 300 мл газирана вода, 200-300 г ореви, 250 г млечно чоколадо (милка или по вкус), 200 г плазма, 40 г желатин (4 кесички и малку вода). Колачот се приготвува во плех со димензии 36х26 см.




ПОСТАПКА: Земете едно поголемо тенџере и во него прелијте 1 литар млеко. Додајте 300 г шеќер и 2 кесички ванилин шеќер, па малку промешајте и ставете на рингла. Ринглата треба да биде вклучена на средна температура. Почекајте млекото да зоврие, па откога ќе се појави првиот клуч, започнете константно да мешате, додека шеќерот целосно да се растопи (уште 5 минути).




Потоа, тргнете го тенџерето од врелата рингла и оставете да излади. Шлагот кој можете да го купите и на мерење од продавниците за здрава храна, изматете го заедно со газираната вода. Миксајте додека да добиете цврст шлаг.




Желатинот од кесичките измешајте го со малку млака вода според упатството и оставете го да набубри (отприлика 5-7 минути). Потоа растопете го на пареа и додајте го во топлото млекото. Промешајте убаво за да се раствори во млекото, а потоа оставете да згусне исто како пудинг или гриз.




Изматениот шлаг постепено додавајте го во згуснатото млеко и започнете да матите со миксерот. Изедначете ги двете смеси (шлагот и желтинозното млеко), па добиениот крем поделете го на три еднакви дела. Во првиот дел додајте мелена плазма и промешајте да се изедначи.




Во вториот дел додајте мелени ореви или лешници по избор, а може и микс од повеќе јатки, а во третиот дел додајте растопено млечно чоколадо (исто така, по ваш избор). Какво чоколадо ќе употребите, таков ќе биде вкусот на овој крем. Плехот со димензии 36х26 см или слична големина обложете го со проѕирна фолија од сите страни.




Прво премачкајте со филот од плазма, израмнете, па потоа со филот од чоколадо и на крај со филот од ореви/јатки. Израмнете ги поединечно сите слоеви, пред да премачкате со наредниот. Доколку добро е израмнет секој слој, филовите нема да се измешаат.




Тортата се става да отстои преку цела вечер во фрижидер. Следниот ден превртете ја врз тацна така што филот од ореви сега ќе биде најгоре и отстранете ја стреч-фолијата. Тортата декорирајте ја по желба, па потоа сечете и послужете на парчиња. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.