„Иако сè уште е пролет и времето е променливо, сепак полека денот се зголемува, а со него и температурата. Кога ќе дојдат оние жештините, јас најмногу сакам да правам лесни, освежителни салати.




Ќе ви покажам рецепт за една супер брза салата, полна со витамини, многу вкусна и која воопшто не дебелее, па затоа можете да ја јадете колку сакате. Има вкус како да е направена во некој елитен ресторан и можам да јадам секој ден.




Барем мене многу ми одговара на мојот стомак и организам, ми дава енергија и ме освежува. Се надевам дека и вам ќе ви се допадне. Оваа салата ве уверувам е вистински деликатес, прсти да излижеш.“ Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1/2 главица млада зелка, 1 голем или два помали моркови, 1 главица црвен кромид, 1 голема китка свеж магдонос, 160 г туна во конзерва (1 конзерва, во парче или иситнета), 1/2 лажичка сол или по вкус, 1/4 лажичка мелен црн пипер

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ДРЕСИНГ: 200 г „грчки“ густ јогурт или кисела павлака, 1 полна кафена лажичка сенф, сок од 1 лимон, 2 супени лажици растително масло, а може да користите и маслиново масло




ПОСТАПКА: Зелката исчистете ја од надворешните листови и некоја евентуална нечистотија, и исечкјате ја на тенки лентички или изрендајте ја, како ви е полесно (исто како за салата). Морковот измијте го, излупете го, па изрендајте го на крупната страна од рендето.




Ренданите зелка и морков ставете ги во некој голем и широк сад во кој лесно ќе можете да ја измешате целата салата. Потоа кромидот излупете го и исечете го на тенки полумесечинки или по желба.




Магдоносот измијте го убаво под млаз ладна вода, па ситно исечкјате го и додајте го во останатиот зеленчук. Потоа додајте една конзерва туна во парче од 160 г, но може и повеќе по вкус, како и туна по ваш избор. Посолете и запиперете по вкус.




ЗА ДРЕСИНГ: Во еден посебен сад ставете 200 г „грчки“ густ јогурт или кисела павлака, 1 полна кафена лажичка сенф, сок од 1 лимон, 2 супени лажици растително масло, а може да користите и маслиново масло, па добро промешајте додека да се изедначат сите состојки.




Подготвениот дресинг прелијте го врз салатата. Добро промешајте за да се распоредат сите состојки рамномерно, најдобро со две лажици/виљушки, па салатата е готова. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.