Кремаста и многу вкусна ШВАЛЕР ТОРТА…Никој не може да и одолее…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За корите:
(вкупно има 3, па овие состојки се делат на три, за една кора)

300 г шеќер
3 лажици лебни трошки (презла)
3 лажици брашно
300 г сечкани ореви
15 белки
Една третина од овие состојки оди за секоја кора

Филот се подготвува во три дела:
Прв дел:
500 мл млеко
2 кесички пудинг од ванила (2х40 г)
5 лажици брашно
5 лажици шеќер

Втор дел:
15 жолчки
150 г шеќер
2 кесички ванилин шеќер
100 мл вода

Трет дел:
500 г путер или маргарин
350 г шеќер во прав
100 г чоколадо

За декорација:
Шлаг и сечкани ореви

ПОСТАПКА:

Во длабок сад пенасто се матат 5 белки со постепено додавање на 100 г шеќер. Во цврстиот снег сипете 1 лажица лебни трошки, лажица брашно и 100 г сечкани/мелени ореви, па нежно измешајте со шпатула или лажица.

Смесата распоредете ја во калап 28 см обложен со хартија (малку намастена) и ставете да се пече во загреана рерна на 150 степени околу 45 минути. Повторете го истото уште 2 пати.

Фил 1: Пудингот измешајте го во млако млеко, со шеќерот и брашното, па сè гответе на умерен оган додека да згусне. Кога пудингот е готов, оставете го да се излади.

Фил 2: Изматете 15 жолчки со 150 г шеќер и ванилин шеќер додека да згусне како крем, а потоа додајте 100 мл вода и варете на пареа додека да се добие густ фил. Оставете да се олади.

Фил 3: Путерот омекнат на собна температира изматете го пенасто со шеќерот во прав, па додајте го првиот, а потоа и вториот од претходно подготвените филови.

Изматете и поделете го филот на 2 дела, па во едниот додајте 100 г растопено темно чоколадо.

Филувајте ја тортата по следниот редослед: кора-жолт фил-темен фил-кора-жолт фил-темен фил-кора-шлаг. Постапката погледнете ја ОВДЕ.