Home посни колачи Кремаст посен колач…Најубавиот десерт со кој често се засладуваме…

Кремаст посен колач…Најубавиот десерт со кој често се засладуваме…

Кремаст посен колач…Најубавиот десерт со кој често се засладуваме…Сите го бараат овој рецепт…Еве што ви е потребно:

За бисквит:

200 мл газирана вода
7 лажици брашно
3 лажици шеќер (по вкус може и повеќе)
1 лажица џем
5 лажици посни мелени бисквити
3 лажици мелени ореви
2 супени лажици маслиново масло
1 лажица какао
1/2 прашок за печиво

За фил:

100 г посен маргарин
3 лажици шеќер во прав (може и повеќе)
100 г мелени бисквити
50 г мелени ореви
50 г стопена чоколада
100 мл сок од портокал
екстракт по желба

За глазура:
100 г чоколадо
2 лажици масло

ПОСТАПКА:

Просејте го брашното и прашокот за печиво, додајте шеќер, џем, бисквити и мелени ореви и масло и сè соединете. Смесата сипете ја во плех од 20 x 20 см обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени 30-40 минути.

Во меѓувреме подгответе го кремот – филот. Посниот маргарин пенасто изматете го со шеќерот во прав додека да стане кремаст.

Во сад измешајте ги бисквитите, стопеното чоколадо и измешајте. Додајте во маргаринот и соединете со миксер. Испечениот бисквит изладете го и премачкајте го со кремот. Одозгора сипете ја глазурата од растопено чоколадо..

Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ: