КРЕМ ЗА ТОРТИ И КОЛАЧИ…Толку е вкусен што секој десерт го прави неодоливо вкусен…Испробајте го овој рецепт и нема да се покаете.

За сите што постат или одбегнуваат јајца, имаме одлична замена за овој рецепт…Прочитајте подолу. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

6 јајца
2 жолчки
300 г шеќер
250 г чоколадо за готвење
1 лажица рум (или рендана кора од портокал)
350 г путер

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад скршете ги јајцата, додајте ги жолчките и шеќерот. Изматете со жица, а садот ставете го врз друг сад во кој врие вода, на намалена температура. Садот со јајцата не смее да ја допира водата која врие.

2.Додека се готват јајцата непрекинато матете со жица или со миксер, сè додека да згусне, 10-тина минути или колку што е потребно.

3.Кога кремот ќе осветли и ќе згусне, а со жицата кога ќе поминете по дното и тоа може да се види, значи дека кремот е готов.

4.Во топлиот крем додајте чоколадо искршено на коцки и меѓајте додека да се растопи и соедини, па тргнете го садот од оган и претурете го во друг сад за да се олади на собна температура со повремено промешување.

5.По желба додајте рум, сок од портокал или арома по желба, па изматете со миксер. Потоа додајте го путерот (малку по малку) омекнат на собна температура. Соединете со миксер.

Со овој крем може да се декорираат десерти, да се користи како фил или да се послужи самостојно. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

ПРОЧИТАЈТЕ: „Најбрзиот ПОСЕН ЧОКОЛАДЕН КРЕМ на светот од само две состојки за торти и колачи“ – ОВДЕ.