КРЕМ СУПА ВО РЕСТОРАНСКИ СТИЛ….Многу е вкусна, јадеме по 2 тенџериња…Може да биде и посна…

Доколку приготвувате посна верзија од оваа многу вкусна чорба со печурки, путерот заменете го со масло или маргарин, а млекото со некоја растителна замена (оризово, бадемово, соино млеко…). Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

16-17 печурки
1 главица кромид
1/2 голема пиперка
3 лажици масло
1 лажица путер
2,5 лажици брашно
1 литар вода (половина топла и половина ладна)
1 чаша (250 мл) млеко
1 лажичка сол
1 лажичка црн пипер
малку копар/магдонос

ПОСТАПКА:

1.Исечкајте го кромидот поситно, а печурките на ситни коцки. Потоа исечкјате ја пиперката и сето заедно пропржете го на малку масло.

2.Кога зеленчукот малку ќе омекне додајте ги ситно сечканите печурки и путерот. Гответе на малку посилен оган од претходно додека печурките да ја испуштат течноста.

3.Кога течноста ќе испари, повторно намалете го огнот, додајте брашно и пржете уште 2-3 минути. Потоа сипете половина литар ладна вода и продолжете го варењето со постојано мешање.

4.Кога ќе почне да врие, додајте половина литар топла вода и 1 чаша млеко и повторно измешајте.

5.Поклопете со капак и варете 10 минути на средна топлина. Потоа исклучете го шпоретот и зачинете со црн пипер, сол и ситно сечкан копар. Промешајте и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.