КРЕМ КОРНЕТИ…Стар рецепт…Овој деликатес ни го правеше мајка ми и сите до ден денес го обожаваме…

Овој деликатес многу често ни го правеше мајка ми – ги обожаваме до ден денес јас сум од Враца и таму ги нарекуваме: „Конуси исполнети со крем (Крем конуси)“. Рецепт на Тања Радкова. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
1 чајна чаша шеќер
1 чајна чаша кисело млеко/цврст јогурт
1 лажиче сода бикарбона
1/2 чајна чаша масло
2 кесички ванилин шеќер
околу 700 г брашно (за меко тесто)

Крем:
1 литар млеко,
2 жолчки,
1 чајна чаша шеќер или по вкус,
6-7 лажици брашно
2 кесички ванилин шеќер

ПОСТАПКА:

Јајцата се матат со шеќерот додека да станат кремасти, го додавам јогуртот заедно со содата во него, маслото, ванилата и на крај брашното. Го замесувам тестото кое го раcукувам и сечкам на тенки ленти.

Се виткаат во форми (можете да користите специјални калапи или само да направите од фолија или кочани од пченка). Се ставаат на хартија за печење и се печат во загреана рерна на 190 степени додека да поруменат

Половина од млекото се става на шпорет, а другата половина се мати со жолчките, шеќерот и брашното.

Кога млекото ќе се загрее, пред да зоврие, во тенок млаз додајте ја смесата со јајцата и варете додека да се згусне со постојано мешање. Кога кремот е готов додајте ја ванилата.

Конусите/корнетите се полнат со кремот – и по два часа се меки на допир. Од оваа доза се добиваат околу 40 парчиња. Имајте убав викенд!

Ова е десертот кој ги восхити моите гости – мислеа дека е купечки