КРЕМ КАРАМЕЛ од рерна…Најлесниот рецепт за ФЛАН…Мазен и нежен кремаст десерт кој се топи во уста…

Еве што ви е потребно според рецептот на Малина Вановска (рецепт 1):

Рецепт 1 ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

8 јајца
1 литар свежо млеко
1 чаша шеќер до врв (чаша од 100 или 250 мл)
2 кесички ванилин шеќер
10 лажици шеќер за карамелот

Рецепт 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 24х32 см или 12 калапчиња):

10 јајца
1 литар млеко
150-180 г шеќер
8-10 лажици за карамелата

ПОСТАПКА за рецепт 1:

Прво ги матам јајцата со шеќерот додека да згуснат (5-10 мин), па го топам шеќерот во сува тава додека да се претвори во карамел.

Го варам млекото и кога е готовомалку сипувам топло млеко во изматените јајца за да се загреат, па со постојано мешање ја сипувам целата смеса, ја додавам ванилата и ја истурам во тавата врз карамелот.

Тавата ја ставам врз друг поголем сад до половина исполнет со ладна вода и ставам да се пече во рерна на 160 степени околу 1 час. Потоа се остава да се олади и стегне.

ПОСТАПКА за рецепт 2:

Го растопувам шеќерот додека да добие карамел боја. Го ставам млекото да се загрее со шеќерот. Посебно ги матам јајцата со жица и го додавам топлото млеко. Карамелот го сипувам во огноотпорен сад кој го ставам врз плех со ладна вода.

Врз карамелот ја сипувам смесата од јајца и млеко преку цедалка. Печам на 150 степени околу 1 час. Потоа ја исклучувам рерната и го оставам внатре колачот додека да се олади. Постапката погледнете ја ОВДЕ:

Само јајца, шеќер и млеко! Кремаст освeжителен колач со вкус на карамел, неодолив – лапни голтни!

Свиленкаст колач „ФЛАН“ – сочен, вкусен, има вкус на пудинг измешан со карамел, ретко кој го знае овој рецепт