КРЦКАВИ КОЛАЧИ ЗА 10 МИНУТИ…Евтини, брзи и многу вкусни…за секој ден…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јајце
120 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер (8 г)
100 мл масло
3 супени лажици кисело млеко/ цврст јогурт
360 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
мармалад за мачкање растворен со малку вода
100 г сечкани бадеми или ореви за валање

ПОСТАПКА:

1.Во подлбок сад изматете го јајцето со шеќерот и ванилата.

2.Додајте го маслото и киселото млеко, па промешајте.

3.Додајте го брашното и прашокот за печиво, па замесете компактно, меко тесто кое лесно се обликува.

4.Кинете топчиња, обликувајте ги со дланките и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

5.Секое топче потопете го со едната страна во мармалад, а потоа во сечкани бадеми (или јатки по избор).

6.Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути.

По желба посипете ги со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.