Вкусна салата која може да ја послужувате во сите прилики, за родендени, мрсни слави или некоја друга пригода. Излегува навистина обилна и сите ми ја пофалија. Оваа салата има едноставна подготовка, а совршен вкус.
Се прави од неколку состојки како обичните познати ,,класици” салати, но ете со овој рецепт може да испробате нешто ново. Измешајте неколку компири, јајца, туна, наредете го зеленчукот и завршете со мајонез. Покрај тоа има и многу декоративен изглед.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г конзервирана туна, 1 кромид, 250 г кисели краставички, 300 г варени компири, 1 варен морков, 1 варено цвекло, 4-5 варени јајца (во зависност од големината), многу копар и мајонез се додава по потреба и плус сол, црн пипер по вкус.
ПОСТАПКА: На една голема чинија поставете флексибилен обрач од калап кој го користите за печење на колачи. Најдобро би било, калапот да биде со стандардна големина. На дното распоредете ја туната од конзерва, но претходно исцедете го вишокот масло од неа.
Добро потиснете ја туната со виљушка на дното за да полесно се залепи за останатите состојки и да се формира кора. Излупете го кромидот и исечкајте го на ситни коцки. Рамномерно распоредете го низ целиот калап. Истото направете го и со киселите краставички, кои треба да бидат што поситно исечкани.
Врз состојките се додава мајонез, отприлика 2-3 големи лажици и се распоредува. потоа сварете ги излупените компири во еден сад, а морковот, цвеклото и јајцата во посебни садови. Морковот и цвеклото не треба да се варат многу долго, доволно е само неколку минути колку да омекнат.
Варениот компир изрендајте го на најкрупното ренде за да не ви се направи кашест, а потоа наредете го врз слојот со мајонез. Зачинете со сол и црн пипер врз компирот, а одозгора ставете иста количина мајонез како и претходно (по желба може да ставите и повеќе мајонез).
Морковот изрендајте го и наросете го одозгора. Повторно ставете мајонез, сол и црн пипер и добро распоредете. Не ги мешате со лажица состојките, туку само ги редите едно врз друго. Потоа истата постапка се повторува и со цвеклото, го рендате и го додаваѕте одозгора, па го покривате садот со проѕирна фолија и ставате во фрижидер 30 минути да се стегне.
Во меѓувреме излупете ги варените јајца и поделете ги на половина, без да ја пресечете жолчката. Одвојте ја варената белка од жолчка и двете состојки посебно изрендајте ги. Ситно исечкајте го и копарот. Кога ќе ја извадите тортата од фрижидер, преначкајте со уште еден слој мајонез, но не го размачкувајте туку оставете да има само декоративни линии.
Декорирајте ја тортата така што по страните обилно ќе наросите од копарот, потоа на средина ќе продолжите со наросување на ренданите белки и на средина ќе завршите со жолчките. Тоа може да го направите во облик на срце или некоја друга форма.
Потоа повторно покријте ја тортата со фолија и оставете да се стегне уште 30 минути, па по извесно време извадете го калапот и послужете ја. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.