Потребни состојки: 500 г мелено месо по избор, 1 јајце, 3 млади кромитчиња, 1 лажица сув зачин (вегета), 2 парчиња стар леб, малку млеко, малку црн пипер, 1,5 шолја од 250 мл ориз, 1 пилешка крем супа со печурки, 800 мл топла вода и 50 мл масло
Постапка: Лебот издробете го и прелијте го со малку млеко па изгмечете го, да биде влажен, но не премногу. На меленото месо додадете му две сечкани млади кромитчиња, сув зачин, малку црн пипер и натопен леб. Измесете убаво и обликувајте ќофтиња.
Рерната вклучете ја на 200 степени. Во тепсијата налијте малку масло, па преку него наросете сечкано кромитче и ориз, да се покрие дното, па одозгора редете ги ќофтињата.
Изматете ја крем супата ао 800 мл топла вода и прелијте преку ќофтињата. Можеби ви се чини премногу вода, но не е, толку треба. Во рерната дел ќе испари а дел ќе го впие оризот.
Ставете да се пече околу 90 минути на умерена температура и додека се пече потребно е да внимавате да не испари целата вода во меѓувреме и да ви излезе сув оризот. Ова многу зависи од рерната, но оваа количина е доволна за да излезе супер.