Многу убав чоколаден фил кој прекрасно си одговара со вкусот на вишните. Мора да пробате!

Потребни состојки:

400 г бисквити
300 мл млеко

За чоколаден фил:

400 мл млеко
5 лажици шеќер
1 пудинг од чоколадо
150 г путер

За фил од вишни:

1 тегла од 800 г вишни без семки
4 лажици шеќер
2 ванилин шеќер
2 полни лажици густин

За прелив:

400 мл слатка павлака за шлаг
200 г чоколадо за готвење

Постапка:

За чоколаден фил: во еден сад ставете 300 мл млеко, додадете шеќер и гответе додека да зоврие.

Посебно изматете го преостанатото млеко (100 мл) со пудингот, па постепено додадете го во зовриеното млеко и продолжете со готвење додека да згусне. Оставете убаво да излади па во него додадете омекнат путер и со миксер соединете ги.

За фил од вишни: Вишните од тегла заедно со сокот ставете ги во сад. Одвојте малку од сокот и во него разматете го густинот, па содржината вратете ја во садот.

Додадете шеќер, ванилин шеќер и гответе на умерена температура со постојано мешање додека да згусне.

За прелив: Соединете го искршеното чоколадо со слатката павлака и загревајте на тивко, но внимавајте да не ви загори.

На дното од тепсија со димензии 22х35 см наредете бисквити, па излејте го пудингот од чоколадо. Потоа народете еден ред натопени бисквити и прелијте со топлиот фил од вишни. Почекајте да се стегне, па повотрно наредете натопени бисквити и прелијте со смесата од чоколадо и слатка павлака.

Изладениот колач оставете го најмалку три часа во фрижидер, а потоа исечте го на коцки.