Во разговор со професионалниот пчелар Благојче Настевски дознаваме дека најбаран производ изминативе години е конзервираниот матичен млеч во мед, во комбинација со јаткасти плодови и различни билки. Благојче вели дека има редовни клиенти кои не го менуваат овој производ за ништо друго.

Оваа комбинација освен што го зајакнува имунитетот и го штити организмот од разни вирусни заболувања, се покажал и како одличен поттикнувач на либидото, за подобрување на потенцијата, доколку се консумира по 1-2 лажици дневно.

Матичниот млеч, кај народот попознат како пчелино млеко, истражувањата покажаа дека има исклучителна моќ за регенерација на клетките и помага во случаи со неплодност. Кокосовото масло содржи лауринската киселина, за која е познато дека ја има и во мајчиното млеко. Оваа масна киселина има антивирусно и антибактериско својство, а со последните истражувања се покажа и дека значително го намалува ризикот од рак на простата.

МАТИЧЕН МЛЕЧ

Матичниот млеч е совршен производ од природата. Тој е корисен за зачувување на здравјето, за зголемување на апетитот и за закрепнување на организмот.

Матичниот млеч има незаменливо место во јакнењето и одбраната на имунолошкиот систем. Тој содржи разновидни соединенија, протеински комбинации, имуноглобулини, незаситени масни киселини.

Сите овие состојки на матичниот млеч вршат детоксикација (чистење) на организмот, ги ревитализираат и регенерираат клетките, доведуваат до јакнење и подобро функционирање на природниот имунолошки систем на човекот.

Благодарение на присутните незаситени есенцијални масни киселини, како и на витамините Е и А, матичниот млеч помага во елиминирањето на слободните радикали, кои се предизвикувачи на тешки заболувања.

Се препорачува матичниот млеч да се зема помешан со мед, бидејќи тогаш му се зголемува дејството, или растворен во 20 или 40% алкохол и да се накапе на јазикот, бидејќи на тој начин влегува директно во крвта, бидејќи алкхолот ги шири порите на слузницата.

Кај жените, матичниот млеч позитивно делува во периодот на менопаузата. Тој ги ублажува симптомите на менопаузата, како што се: раздразливост, депресија, го намалува потењето, топлотните бранови и друго.

Млечот е корисен и за мажите. Тој ја зголемува прокрвеноста на простатата, а со тоа и го намалува отокот на простатата и притисокот врз мочниот канал. На тој начин и го олеснува мочањето.

КОКОСОВО МАСЛО

Кокосовото масло содржи голема количина на заситени масти кои за разлика од другите заситени масти се изградени од масни киселини со среден ланец кои лесно се абсорбираат во цревата и директно се транспортираат до црниот дроб без да се наталожуваат како масни наслаги во крвотокот. Така апсорбирани веднаш се користат како енергетско гориво за метаболичките процеси на организмот, без покачување на телесната тежина.

Голем процент (околу 50%) од составот на овие заситени масти отпаѓа на лауринската киселина која е застапена во мајчиното млеко. Мајчиното млеко содржи околу 45-50% заситени масти во чиј состав влегуваат лауринска и капринска киселина (околу 20%).

Овие масни киселини поседуваат антивирално, антибактериско и антипаразитско својство, кои го подржуваат имунолошкиот систем. Според една студија публикувана во American Journal of Clinical Nutrition во млекото кај мајките доилки кои консумираат кокосово масло има повисоко ниво на лауринска и капринска киселина, со што се зголемува неговата нутритивна вредност.

Кокосовото масло лесно се апсорбира во дигестивниот систем на детето и обезбедува енергија за негов правилен раст и развој. Освен лауринската киселина кокосовото масло содржи и капринска, каприлна, палмитинска, стеаринска и миристинска масна киселина, полинезаситени и незаситени масти, а во помали количини содржи и витамини и феноли.

ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ

Индиски ореви

Индискиот орев е исклучително хранлив, бидејќи изобилува со протеини и есенцијални витамини и минерали како бакар, калциум, магнезиум, железо, фосфор, калиум и цинк. Тој содржи многу повеќе масти од другите орашасти плодови.

Две третини од мастите во индискиот орев се незаситени масни киселини, а 75% од тие незаситени масни киселини ги сочинува олеинска киселина (ја содржи и маслиновото масло, а позната е по своето благотворно дејство врз здравјето на срцето).

Позитивно делуваат на дијабетесот, помагаат во намалување на нивото на триглицериди и заштитуваат од понатамошни компликации поврзани со високо ниво на шеќер и холестерол. Нивното редновно консумирање го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2. Индиските ореви се одличен извор на антиоксиданси, а обезбедуваат и фосфор кој е неопходен за здрав развој на забите и коските.

Лешници

Лешниците се добар извор на фолна киселина, која ја игра главната улога за одржување на хомоцистеинот во нормални граници. Хомоцистеинот е амино киселина чиј недостаток е поврзан со проблеми на срцето или креира предуслови за Паркинсонова болест.

Ореви

Оревите се супериорни борци против рак, поради изразената висока количина на антиоксиданси во нивниот состав. Тие се одличен извор на моно незаситени киселини, кои се корисни масти за срцето и помагаат во намалување на нивото на покачен холестерол во крвта. Исто така, богати се со омега 3, па се одлична замена за риба, доколку не ја обожавате како храна.