Рецепт за највкусната Рафаело торта. Пробајте супер е, готова е за 15 минути. Тортата е многу богата, нежна и секој залак се топи во уста. Одозгора можете да посипете кокос или лешник за да добиете оригинал „рафаело“вкус.
Потребни состојки за кора: 6 белки, 100 г шеќер, 3 лажици ладна вода, 100 г кокосово брашно.
За жолтиот фил: 6 жолчки, 50 г шеќер, 1 кесичка пудинг од ванила (40 г), 20 г густин, 400 мл млеко, 100 г бело чоколадо, 120 г путер, 50 г шеќер во прав.
За белиот фил: 200 г слатка павлака, 180 г кисела павлака.
Постапка: Подготовка на кората. Плех со димензии 23x 33 см обложете го со хартија за печење, премачкајте ја хартијата со масло и тргнете го плехот настрана. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.
Во подлабок сад за матење ставете ги белките и почнете да ги мешате со миксер. Кога малку ќе запенат додајте вода и постепено додавајте го шеќер и цврсто изматете ги.
Оставете го миксерот, па на трипати додајте го кокосовото брашно и со шпатула соединете го со белките. Во тавата рамномерно распоредете ги изматените белки и ставете ја кората да се пече.
Кората се пече додека површината да добие малку жолта боја, околу 20 минути, се зависи од шпоретот. Испечената кора превртете ја на друг лист хартија за печење и внимателно извадете ја хартијата на која се печеше. Оставете да се излади.
Подготовка на жолтиот фил: Од млекото издвојте 100 мл и остатокот ставете го во подлабок сад за готвење. Додајте шеќер, чоколадото и оставете млекото да се загрее за да се растопат чоколадото и шеќерот (повремено промешувајте).
Во соодветен сад ставете ги жолчките и изматете ги со миксер. Во друга чинија со одвоеното млеко измешајте ги пудингот и густинот, па смесата додајте ја во изматените жолчки. Изматете сè добро.
Во смесата со жолчките полека сипете го загреаното млеко (не мора да врие) со постојано мешање. Потоа смесата префрлете ја во тенџерето и вратете ја на шпорет да се свари кремот со постојано мешање со жица.
Сварениот крем покријте го со проѕирна фолија (фолијата ставете ја директно на филот) и оставете да се излади. Изладениот фил изматете го со миксер, па додајте го двапати претходно изматениот путер со шеќер во прав. Изматете да добиете пенест крем.
Подготовка на белиот фил: Слатката павлака изматете ја само додека додека да почне да се згуснува. Потоа додајте ја киселата павлака и изматете да добиете цврст крем. Јас користев засладена слатка павлака, па не додадов шеќер.
Изладената кора се сече на половина по должина за да се направат две кори. Едната кора ставете ја во плех за сервирање и премачкајте ја со половина од жолтиот фил. Врз жолтиот фил премачкајте половина од белиот фил.
Потоа врз неа ставете уште една кора и лесно притиснете ја кон филовите. И прво премачкајте ја со жолт фил, па со бел фил. На крајот, колачот наросете го со кокосово брашно и оставете го во фрижидер преку ноќ.
Доколку сакате голема торта, тогаш испечете уште една кора од шест белки и употребете двојни состојки за филовите. Фантастично кремаста торта каде секој залак е вистински рај за нашите сетила. Рецепт на Верица Николиќ.