Печено пилешко во кое сме додале шампињони и многу убав сос од домати и бело вино…ќе биде вашиот иден омилен рецепт.
Ќе ви понудиме две верзии, па според состојките што ги имате в фрижидер, одберете го првиот или вториот, нема да погрешите. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг пилешко месо
1 кг шампињони
сол и црн пипер по вкус
мајчина душичка по вкус
1 супена лажица брашно
5 лажици маслиново масло
200 мл доматен сок
200 мл бело вино
1 лажица црвен пипер во прав
ПОСТАПКА за рецепт 1:
Пилешкото исечете го на помали шницли. Посолете и запиперете. Во тава загрејте маслиново масло, па пржете го пилешкото од двете страни по 2-3 минути, колку да зарумени.
Додајте ги печурките исечени на ливчиња и зачинете со црвен пипер. Сипете го доматниот сок и белото вино, па крчајте на умерена температура додек вишкот течност да испари.
на крај додајте лажица брашно и оставете да се готви уште 10-тина минути. Посипете со мајчина душичка и послужете топло со компир пире и салата.
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г пилешко бело месо
150 г печурки
100 г морков
3 пиперки (црвена, жолта и зелена)
2 тиквички
сол, црн пипер, црвен пипер
магдонос
малку маслиново масло
неколку лажици доматен сос
ПОСТАПКА:
Загрејте масло во тавче што не лепи, па додајте ситно сечкано месо на коцки. Кратко пропржете 5-8 минути, па додајте сечкани печурки и рендан морков.
Динстајте додека сето да омекне убаво, додајте ги сечканите пиперки и тиквички. Убаво промешајте и динстајте уште околу 10-15 минути. На крај зачинете и додајте доматен сос по желба.