Здравата исхрана е многу важна, доколку сакаме да бидеме здрави или да се излекуваме од некоја болест. Во тој случај, здравата исхрана е клучна. Покрај тоа, мора да ја регулираме килажата. Првенствено тоа го правиме поради здравјето, но секако и за да изгледаме убаво.
Како што советуваат докторите, не е добро да изгладнувате, туку едноставно, да се храните здраво, да ги исфрлите штетните материи од организмот и да бидете физички активни.
Ова е план на исхрана за слабеење кој е одличен за чистење на организмот од токсините и вишокот шеќер. Секако, ова е план за 3 дена, а вие доколку имате потреба, можете да продолжите да се исхранувате на сличен начин и следните денови.
1 ДЕН
Појадок: Едно варено јајце и овесни снегулки – каша
Ужина: еден грст ореви или 1 јаболко или портокал (цел плод, да не е цеден)
Ручек: Варено пилешко и зелена салата
Вчера: варен зеленчук по избор
2 ДЕН
Појадок: Ист како првиот ден, ужина исто така
Ручек: Кратко обарен спанаќ
Вечера: Варена зелка
3 ДЕН
Појадок и ужина: Исти
Ручек: Малку варен ориз и пилешко (или мисиркино, а ако имате дијабетес – без ориз)
Вечера: Варен зеленчук
Совети: Ако го пржите месото и сл, користете кокосово масло. Намалете го внесот на леб и портудете се јадете интегрален.
Пијте лимонада и останати природни сокови, секако незасладени, свежо исцедени. Барем 1-2 пати дневно пијте зелен чај.
Ќе го исчистите организмот и ќе ослабете.