Потребни состојки:
700 г компир +-
500 г мелено месо
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 лажица сув мешан зачин (вегета)
500 г фета сирење (или домашно сирење)
300 мл вода
300 мл течна павлака
Постапка:
Кромидот исечкајте го ситно и запржете го на малку масло, па додадете мелено месо и заедно пржете ги додека месото да ја смени бојата. Додадете ситно сечкано лукче, долејте вода и павлака, па оставете малку да крчка.
Додадете го компирот исечен на коцки, промешајте и оставете уште малку да динста, па тогаш додадете го ситното сирење и зачинете.
Смесата префрлете ја во тепсија или пекач и печете во загреана рерна околу 45 минути (на 220-250 степени). Кога е печено оставете 10-15 минути малку да излади и да се впијат течностите во компирот, па послужете. Одозгора можете да наросите ситно сечкан свеж магдонос.