Често ја правам зошто е превкусна.
Потребни состојки:
2 големи компири или 3 средни
1 голема главица кромид
2-3 јајца
маслиново масло
сол по вкус
1 лажичка прашок за печиво
Постапка:
Во една дава загрејте доста масло, па пропржете го кромиден исечен на тркалца, на тивок оган.
Кога кромидот ќе се издинста и ќе биде полуготов, додадете го компирот исечен на тенки кругови. Продолжете со пржење додека компирот убаво да се запржи од двете страни.
Мало дополнително објаснување кое го стекнав со искуство: компирот треба да се пржи во доста масло, т.е.повеќе да се динста, па кога ќе биде готов да се префрли во метална цедалка и да се исцеди вишокот маснотија.
Во посебен сад изматете јајца, па во нив додадете го пржениот компир со кромид, убаво соединете па истурете ја смесата во тефлонска тава со неколку капки масло, израмнете и печете на умерена температура.
После неколку минути превртете ја целата тортиља за да се испече од двете страни.
Совет: земете поголема тава за полесно да се испржат компирите а на крај целата тортиља. Во јајцата можете да додадете алева пиперка. Јас ставив зелена пиперка која се динста заедно со кромидот. Како и да е, мене ми е најубава додека е уште топла.