Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ
Потребни состојки:
1 кг брашно
1 квасец
1 лажица сол
2 лажици шеќер
50 мл масло
Вода по потреба (околу 600 мл)
За попрскување:
150 мл масло
1 голема лажица растопна маст
Постапка:
Се замесува тесто со активиран квасец и се остава да одмори околу еден час, да го удвои волуменот.
Потоа се дели на 6 дела од кои се сучат 6 тенки кори. При сучењето постојано наросувајте брашно или густин, за да не ви се лепи и кине кората.
Развлечените кори тргајте ги настрана, додека ја сучите следната кора.
Исечете хартија за печење нешто поголема од корите (за во тепсија 40).
Врз една кора напрскајте со една лажица мешавина од од маст и масло, и фил каков што сакате. Јас ставив 250 г блитва измешано со сирење и едно јајце.
Корите се редат една врз друга и се филуваат помеѓу, значи постапката се повторува до крај.
Се собираат краевите, се превртува на хартија за печење на тепсија бр.40, се сече убаво на парчиња и се остава да стаса околу 30 минути.
Првите 10-тина минути печете на 250 степени, а потоа намалете на 200-180 во зависност од тоа како ви пече рерната и допечете ја питата додека да добие убава боја.
Кога е готова питата се премачкува со вода помешана со масло.
Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ