Колоритната гибаница ја направив пред два дена, а првпат ја пробав пред неколку години. Се изненадив од богатиот вкус, многу ни се допадна на сите бидејќи содржи сѐ: афион, сирење, ореви, јаболка, суво грозје…

Првиот пат пред некоја година кога ја направив, ми беше најубава и набрзо „исчезна“ од трпезата. Обично кај нас дома се подготвува двапати годишно за празници, Велигден и Божиќ, но понекогаш ја правам и од чист мерак. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г тенки тесто. ЗА ФИЛОТ: 100 г семе од афион, 2 јајца, 1 кесичка ванилин шеќер, малку рендана кора од лимон, прстофат мелен цимет, 100 мл млеко, 300 мл кисела павлака, 100 г мелени ореви, 300 г јаболка, 50 г суво грозје, 300 г свежо кравјо сирење, 100 г шеќер, 100 г путер.

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА: Во подмачкан кружен калап се ставаат две листови од готовите кори така што тестото да поминува над рабовите на калапот. Потоа наросете ги корите со половина од филот со мелени ореви и покријте со нов лист тесто. Ставете половина од филот со јаболка, покријте со нова кора, премачкајте со малку путер, па ставете половина од филот од свежото кравјо сирење.




Потоа повторно ставете една кора, па половина од афионот што претходно сте го сомелеле, лист готова кора, па постапката повторете ја во обратен редослед, односно наредете прво со афион, па филот од свежото кравјо сирење, јаболката и завршете со ореви.




Горниот слој ореви превиткајте го со рабовите од тестото што поминуваат преку рабовите на калапот, а потоа прелијте го со два листа тесто кои секоја од нив се премачкува со путер. На крајот се прелива со 200 мл павлака и се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу еден час.




За филот со јаболка: Јаболката исечкајте ги на тенки кришки и испасирајте ги со 25 г шеќер. На крајот измешајте малку цимет и рендана кора од лимон. За филот со свежо кравјо сирење: Свежото кравјо сирење издробете го со вилушка, додајте ги јајцата, 100 мл павлака, измиено суво грозје и 25 г шеќер.




За филот со ореви: измешајте мелени ореви со 25 г шеќер. За филот од афион: Измешајте мелен афион со 25 г шеќер и ванилин шеќер и прелијте со врело млеко.

Послужување: Гибаницата изладете ја малку по печењето, па исечете ја на кришки и послужете ја со топол напиток. Можете да ја испечете и во поголемо тавче, па да ја исечете на коцки. / Сoolinarka.сom. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт.

Ова е рецепт за штрудла со крем од ванила, која уште се нарекува и пита со пудинг од ванила и пита со гриз и пудинг, е едноставен колач од готови кори кој по вкус потсетува на кремшнити. Освен ванилин крем, можете да користите и чоколаден или овошен, во зависност од вашиот вкус.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 12 готови кори. ФИЛ ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 3 јајца, 3 лажици шеќер, 200 мл масло, 200 мл јогурт, 100 г гриз, 1 прашок за печиво. ФИЛ ОД ПУДИНГ: 1 литар млеко, 3 пудинзи од ванила, 9 супени лажици шеќер. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: шеќер во прав.




ПОСТАПКА: Прво сварете го пудингот. Од млекото одземете 18 лажици, а остатокот ставете го на оган. Во одземеното млеко промешајте го пудингот и шеќерот, па со постојано мешање додадете го во зовриеното млеко. Варете додека да згусне, па тргнете го настрана, покријте го со проѕирна фолија и оставете да излади.




Во посебен сад одвојте ги белките од жолчките. Во белките додајте шеќер и изматете цврст снег. Потоа постепено додавајте ги жолчките со постојано матење, па додајте го маслото и уште малку измиксајте. Додајте ги гризот и прашокот за печиво, измешајте, па на крај соединете го и јогуртот во хомогена смеса.




Редење: на рамна подлога ставете една кора. Премачкајте ја со 4-5 лажици од смесата со гризот, па покријте со друга кора. И втората кора исто така премачкајте ја со преливот. Ставете ја третата кора. На работ од кората распоредете околу 250 г сварен и изладен пудинг. Свиткајте во ролат и редете во плех обложен со хартија за печење.

Повторете ја постапката и со останатите кори. На крај ќе добиете 4 ролати. Премачкајте ги одозгора со масло, па ставете да се печат околу 20 минути во претходно загреана рерна на 180 степени со вентилатор.

Печените штрудли оставете ги да изладат прво на собна температура, а потоа ставете ги во фрижидер. Потоа исечете ги на парчиња со 2 см дебелина. Одозгора наросете ги со шеќер во прав.