КОЛЕСЛАВ САЛАТА: Највкусна, освежителна салата која може да се послужи со секакво месо…Рецепт на Верица Николиќ. Еве што ви е потребно:

Колеслав салата, рецепт и фото на Верица Николиќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г зелка
3 средни моркови
250 г мајонез
2 лажички јаболков оцет
1 лажичка свежо исцеден сок од лимон
2 лажички шеќер
1 полна до врз лажичка сол
мелен црн пипер по вкус

Колеслав салата, рецепт и фото на Верица Николиќ

ПОСТАПКА:

1. Во соодветен сад со капак измешајте мајонез, сол, шеќер, јаболков оцет, сок од лимон и мелен пипер, па подготвениот прелив (или дресинг) за салата оставете го еден час во фрижидер.

2. Зелката исчистете ја од коренот, излупете ги морковите, па крупно изрендајте ги. Додајте го преливот за салата на двапати и добро измешајте. Оставете ја салатата во фрижидер најмалку половина час и послужете.

Рецепт на Верица Николиќ.