Овие колачи можете да ги јадете во текот на празниците и тоа без чувство на вина, бидејќи не содржат шеќер, ниту масти. Сите состојки се многу здрави и хранливи, а колачите се вкусни и долго време ќе ве одржуваат сити.
Се прават за пет минути, а потоа треба да почекате само половина час да се оладат во фрижидер. Рецепт на нашата драга членка, Јелена Шарац. Подолу можете да ја погледнете и видео презентацијата на линкот.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г несолени печени кикирики,
100 г лешници (истостирани),
250 г цврст јогурт или кисела павлака,
1 лажица брусница или суво грозје (може и друго суво овошје по вкус),
2 супени лажици мед,
50 г какао во прав
ПОСТАПКА:
Кикириките потребно е да бидат истостирани (испечени во сува тава на тивок оган), излупени и несолени. Ставете ги во сечко или блендер, па сомелете ги додека да добиете прав. Мелените кикирики истурете ги во некој подлабок сад.
Лешниците малку истостирајте ги на тивок оган, во сува тава со постојано мешање додека убаво да замирисаат. Потоа тргнете ги на страна и оставете ги да се оладат.
Пред мелењето можете да ги излупите, но не мора. Исто како кириките, така и лешниците сомелете ги во блендер (може малку покрупно).
Мелените лешници додајте ги во садот заедно со мелените кикирики, па промешајте ги. Во оваа мешавина додајте 250 г густ јогурт со вкус на бадем и фстаци, а вие употребите каков сакате по ваш вкус, може и обичен или овошен, со погуста конзистенција.
Додајте една рака суви брусници (може суво грозје или друго суво или кандирано овошје ситно исечкано). Потоа додајте две полни супени лажици мед.
Добро промешајте со лажица додека смесата целосно да се изедначи, а состојките рамномерно да се распоредат.
На крај ќе добиете смеса со конзистенција на нешто повлажен песок, која лесно може да се обликува. Во оваа смеса додајте 50 г какао во прав кое ќе ја апcopбира сета влажност. Користете колку можете поквалитетно, органско какао.
Уште еднаш промешајте со лажица додека смесата да се изедначи. Приближно, една полна супена лажица е количината за еден колач.
Црпете од смесата и со помош на дланките формирајте топче, па малку сплескајте го (или формирајте ги по ваша желба). Ќе добиете 10 вакви колачи.
Формираните колачиња редете ги врз подлога обложена со хартија за печење или фолија, па ставете ги половина час во фрижидер за да се стегнат.
Потоа извадете ги и валкајте ги во кокосово брашно. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.