КОЛАЧИ БЕЗ ШЕЌЕР…Вкусни и многу здрави, ми помогнаа да ослабам…Ги испробав врз себе и се покажаа како ефикасни. Многу се здрави и корисни.

Рецептот го најдов како „дијабет-френдли“, што значи дека можат да ги јадат и оние што имаат проблем со висок шеќер. Сепак, секој според здравствената состојба треба да се советува со својот лекар.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 чаша овесни снегулки
1 чаша бадеми (100 г)
4 супени лажици овесно брашно
1 мала лажичка мелен кардамом
1 мала лажичка хималајска сол (или засладувач по желба)
3 супени лажици маслиново масло
1 чаша вода или помалку
1 супена лажица рендан ѓумбир (50 г)

ПОСТАПКА:

1.Овесот и бадемите заедно сомелете ги во блендер. Смесата истостирајте ја во сува тава, на умерена температура, со непрекинато мешање додека убаво да замириса.

2.Сипете ја смесата во подлабок сад па додајте го овесното брашно, кардамомот, сол (или засладувач) и масло, а водата додавајте ја постепено додека мешате. Треба да добиете густа смеса, па можеби нема да ви треба целата количина вода.

3.Оставете ја смесата настрана да одмори 15 минути. за тоа време излупете го ѓумбирот и изрендајте го. Додајте го во тестото и соединете.

4.Тестото ставете го помеѓу две парчиња хартија за печење и со оклагија развлечете кора. Со модла вадете ги колачите и редете ги во плех обложен со хартија.

5.Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/cA5TDyDrn-E?si=QIygXlNjJZoJ7AL-