КОЛАЧ ЗА 15 МИНУТИ…Француски десерт кој е толку сочен и вкусен, што можам да го јадам секој ден…Се топи во уста…Еве што ви е потребно според рецептот на Натали:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
1 прстофат сол
100 г шеќер
100 г растопен путер
10 г ванилин шеќер
200 г цврст јогурт/ кисела павлака
230 г брашно
15 г прашок за печиво

И уште:
2 лажици шеќер
2 лажици брашно
40 г путер
14 сливи преполовени и исчистени од семки

ПОСТАПКА:

1.Со миксер изматете ги јајцата со сол, шеќер, ванила и растопен путер, па додајте го цврстиот јогурт и изедначете. Додајте прсеано брашно помешано со прашок за печиво и соединете со жица.

2.Смесата сипете ја во калап 28х18 см, обложен со хартија и намастен на ѕидовите. Одозгора наредете ги половинките сливи.

3.Во путерот сипете шеќер и брашно, па со раце соединете додека да добиете трошки. Распоредете ги врз сливите.

БРЗ КОЛАЧ СО СЛИВИ И ОРЕВИ: Голем лајк за овој рецепт, одлична комбинација – брзо, лесно и едноставно

Прочитајте: БРЗ КОЛАЧ СО СЛИВИ И ОРЕВИ: Голем лајк за овој рецепт, одлична комбинација – брзо, лесно и едноставно – рецепт – ОВДЕ.

4.Печете 40-45 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.