КОЛАЧ СО ОРЕВИ…Редовно го подготвувам речиси секој викенд…едноставен и многу вкусен. Еве што ви е потребно според рецептот на Лиле:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
80 г путер на собна Т
100 г шеќер
2 големи јајца
200 г кисела павлака 20% мм
2 лажички екстракт од ванила
220 г меко брашно
1 прстофат сол
1/2 кесичка прашок за печиво
1/2 лажичка сода бикарбона

Смеса со ореви:

150 г ореви (крупно или ситно сечкани, а може и пекан)
30 г путер
30 г кафеав шеќер
20 г бел шеќер
1 прстофат сол
1/4 лажичка цимет
1 рамна лажичка какао во прав

ПОСТАПКА:

Прво подгответе ја смесата со ореви. Измешајте ги оревите со шеќерот, какаото, циметот и солта, па сето прелијте го со топол, растопен путер. промешајте и оставете да се лади.

Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Пенасто изматете го путерот со шеќерот, па додавајте едно по едно јајце. Додајте екстракт од ванила и кисела павлака.

Во соединетата смеса додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво, сода бикарбона и сол. Изедначете да нема грутчиња. Нешто повеќе од половина тесто излејте го во калап обложен со хартија со средна големина.

Врз тестото распоредете половина од смесата со ореви. Врз нив сипете го остатокот од тестото и завршете со ореви. Колачот печете го 35-40 минути и проверете со чепкалка. Добро изладете пред сечење.

4 јајца, чаша шеќер, чаша гриз и буквално се топи во уста! Десерт кој долго ќе го памтите…

ЗИМСКИ КОЛАЧ СО ОРЕВИ И ЈАБОЛКА…Додека се пече мириса докај соседите…Брз, евтин и вкусен колач