Фото и рецепт: Марија Милосковиќ
Потребни состојки:
6 белки
6 лажици шеќер
3 лажици брашно
2 лажици еуро крем
200 г крупно сечкани ореви
Постапка:
Белките се матат во цврст снег со постепено додавање на шеќерот додека да се растопи, а потоа со лажица се мешаат останатите состојки. Кората се пече на 180 степени, околу 18-20 минути.
За фил:
1 литар млеко
3 пудинг од ванила или вкус на слатка павлака
14 лажици шеќер
6 жолчки
250 г путер / маргарин
1 кесичка желатин со 4 лажици ладна вода (кога ќе набубри се загрева, па се додава во кремот)
150 г бело чоколадо
150 г темно чоколадо + 3 лажици еуро крем
Постапка:
Се вари пудингот со жолчките и шеќерот во еден литар млеко и се остава да излади. Потоа се соединува со пенасто изматениот путер, па се додава и разматен желатен со 4 лажици ладна вода и се загрева кога ќе набубри.
Филот се дели на два дела: во едниот се додава 150 г бело чоколадо а во другиот 150 г темно чоколадо и 3 лажици еуро крем.
Изладената кора се натопува со чоколадно млеко.
Редење: кора – жолт крем – црн крем – шлаг (јас ставив 300 г шлаг)
Фото и рецепт: Марија Милосковиќ