Колачот со јогурт во комбинација со мак се приготвува многу брзо и многу едноставно, а за сите домаќинки тоа е многу важно. Иако е доста евтин, колачот има совршен вкус.
Потребни состојки (една иста чаша од 180 г или 200 мл): 2 чашки јогурт, 2 чаши брашно, 1 чаша шеќер, 1 чаша гриз, 100 г мак, ½ чаша масло, 1 ванилин шеќер и 1 прашок за печиво. За прелевање: чоколадна глазура
Постапка: Во еден сад ставете јогурт, па додајте ги сите наведени состојки, лесно и добро измешајте па истурете во тркалезен калап (28 см) кој претходно сте го намастиле и набрашниле, а можете и да го обложите со хартија за печење.
Протресете за да се изедначи смесата во калапот и да излезат евентуалните меурчиња. Ставете да се пече на 180 степени околу 40 минути додека да зарумени и да се одвои од ѕидовите на калапот.
Врелиот колач прелијте го со чоколадна глазура и оставете целосно да излади, па дури потоа исечете го на коцки или дебели правоаголници.
Напомена: чашите од јогурт не ги преполнувајте со брашно и гриз до врв, туку само до венчето, а ако ви се чини дека е многу густо, додајте уште малку млеко. Постапката погледнете ја ОВДЕ.