КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА – БЕЗ ГЛУТЕН, БЕЗ ШЕЌЕР, БЕЗ ЗАСЛАДУВАЧИ…Толку многу е вкусен што секој ден ќе го правите…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г јаболка сечкани на тенки ленти (2 јаболка)
малку лимонов сок за јаболката за да не потемнат
2 јајца
4 супени лажици брашно какво имате, јас користев оризово (безглутенско)
1/2 лажичка прашок за печиво
1 лажичка ванила или бренди по вкус
3 супени лажици путер или 2 лажици кокосово масло
микс од суво овошје или само суво грозје – по желба
1 рака сечкани јатки пк избор
се пече 30 мин на 180 степени

ПОСТАПКА:

1.Јаболката излупете ги и исчистете ги од семките, полијте ги со малку лимонов сок и исечете ги на ренде или „мандолина“ на тенки лентички.

2.Во подлабок сад со жица изматете две јајца, па додајте го брашното, прашокот за печиво, растопениот путер. Изедначете да нема грутчиња. Додајте ванилин екстракт и сипете врз јаболката.

3.Третина од смесата излејте ја во помал калап за леб/ролат обложен со хартија, израмнете и одозгора посипете со ситно сечкано суво овошје/суво грозје.

4.Повторно сипете смеса со јаболка, па суво овошје и завршете со уште еден таков слој.

5.Одозгора посипете ситно сечкани јатки по избор (ореви, бадеми, лешници..) и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, приближно половина час.

Печениот колач оставете го 5 минути пред да го извадите од калапот. Потоа оставете го на решетка да се подизлади, па послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.