Home Рецепти Колач со џем ќе ве воодушеви за миг, штом ќе го почувствувате...

Колач со џем ќе ве воодушеви за миг, штом ќе го почувствувате мирисот кога ќе се испече…

Брза, едноставна торта-колач со џем ќе ве воодушеви веднаш, штом ќе ја помирисате кога ќе се испече… Неговата најголема доблест е што е многу, многу мек, а секој залак се топи во уста. Нема на кој не му се допаѓа. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 7 јајца, 12 лажици шеќер, 12 лажици масло, 12 лажици млеко, 12 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 тегла џем. Во џемот по желба можете да додадете мелени ореви околу 150-200 г.

ПОСТАПКА: Јајцата се матат пенасто со шеќер додека тој да се растопи и смесата да побели и згусне, па се додаваат маслото, млекото, брашното и прашокот за печиво.

Половина од изматената смеса истурете ја на подмачкана тава со средна големина и печете во рерна загреана на 200 степени околу 15 минути.

Кога ќе се испече долниот дел од колачот, извадете го од рерна и веднаш премачкајте го со џем. Сипете го остатокот од тестото преку џемот. Печете уште 15-20 минути на 200 степени.

Испечениот колач оставете го да се излади и дури потоа исечете го. Посипете со шеќер во прав и засладете се. Имајте пријатен и сладок ден со овој фин, мек деликатес.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Посен колач со џем од кајсии и ореви – се топи во уста, брз и едноставен за подготовка“ – ОВДЕ.

Посен колач со џем од кајсии и ореви – се топи во уста, брз и едноставен за подготовка