КОЛАЧ СО ЧОКОЛАДА И ЈАГОДИ (или малини, вишни…): Неодолив десерт за кој сите ќе ви го побараат рецептот. Ќе се вљубите во колачот со чоколадо и јагоди уште на првиот залак.
Има толку многу рецепти за вкусни колачи, некои од нив се лесни за правење, а некои бараат малку кулинарско знаење и вешти раце. Доколку ги сакате десертите, особено оние кои се лесни за правење, ви предлагаме да го пробате овој рецепт.
Направете мек бисквит, а одозгора прелијте го кремот и јагодите. Сето тоа глазирајте го со чоколадо и украсете со кокос. Ваква вкусна торта одамна не сте пробале, а можат да ја приготват дури и почетници во кујната. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 270 г јагоди, 4 јајца, 120 г брашно, 200 г шеќер, 1/2 лажичка екстракт од ванила, 16 г прашок за печиво. За фил: 200 г шеќер, 2 лажици брашно, 2 лажици пченкарен скроб, 1 литар млеко, 280 мл слатка павлака, 70 г чоколадо, кокос
ПОСТАПКА: Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата додека да се запенат и згуснат, а потоа додајте го просеаното брашно со прашокот за печиво и нежно измешајте рачно или на пониска брзина со миксерот за да остане смесата воздушеста.
Распоредете во огноотпорен сад обложен со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 170°C 30-тина минути. Во друг сад шеќер, брашно и скроб, па додајте го млекото и изедначете да нема грутчиња.
Варете на тивок оган додека да се згусне со постојано мешање. Покријте го со проѕирна фолија и оставете да се излади, па додајте ја слатката павлака (160 мл) и соединете со миксер.
Пандишпанот натопете го со млеко, прелијте го со филот, наредете ги сечканите јагоди, па прелијте го ганашот. Ганашот се прави со топење на чоколадото во слатка павлака (120 ml). Посипете со кокос и ставете 1 час во фрижидер да се стегне.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Брза торта со малини и плазма – без печење и без готвење, потребни ви се само 15 минути“ – ОВДЕ.
Брза торта со малини и плазма – без печење и без готвење, потребни ви се само 15 минути