Фото и рецепт: Јадранка Јурчевиќ
Потребни состојки:
Мерка е јогуртна чаша
2 чаши јогурт
2 чаши шеќер
2 чаши брашно
2 чаши гриз
1 чаша масло
5 лажици мак
1 прашок за печиво
Постапка:
Сите состојки добро измешајте ги за да добиете изедначена смеса.
Печете на 200-180 степени околу 25-30 минути во среден плех (во помал ќе добиете повисок, а во поголем плех ќе добиете потенок колач). Пробајте со чепкалка.
Одозгора наросете шеќер во прав, премачкајте со џем, карамел, чоколадна глазура или нешто по ваш вкус.
Фото и рецепт: Јадранка Јурчевиќ