Потребни состојки:

6 јајца

6 лажици брашно

6 лажици шеќер

½ прашок за печиво

Малку масло (одокативно, не премногу)

3 лажици какао

100 мл млеко

За прелив за кората:

100 мл млеко

3 лажици рум

За крем:

3 пудинг од ванила

1 литар млеко

150 г путер/маргарин

6 лажици шеќер

И уште:

250 г слатка павлака

Банани колку сакате, колку повеќе, подобро

Постапка:

Одвојте ги жолчките од белките, па измиксајте ги жолчките со шеќерот додека да станат пенасти. Додадете брашно и прашок за печиво, па млеко и масло, и миксајте додека да добиете кремаста смеса. На крај додадете 3 лажици какао.

Посебно изматете цврст снег од белките и со лажица додадете го во смесата од жолчки. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Испечениот бисквит прелијте го со проварено млеко во кое сте додале рум, па оставете да излади. Врз изладената кора наредете банани.

Сварете го пудингот и оставете да излади, па потоа измиксајте го путерот и соединете го со изладениот пудинг. Излејте го овој крем врз бананите и оставете во фрижидер добро да се стегне.

На крај измиксајте слатка павлака како шлаг и да нанесете одозгора. Дополнително можете да прелиете со чоколаден прелив или да украсите со чоколадни трошки.