КОЛАЧ „ЧУДО ОД 3 ЈАЈЦА“…Стар рецепт, без миксер и вага…
Уште еден прекрасен рецепт за сите љубители на колачите што ги приготвуваа нашите баби и мајки. Не ви треба миксер или вага. Многу едноставно и верувајте многу вкусно. Затоа, не пропуштајте го овој рецепт. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
3 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша млеко
1 чаша масло
2 чаши брашно
5-6 лажици ореви
1 прашок за печиво
Фил:
500 мл млеко
6 лажици шеќер
2 ванилин шеќер
4 лажици гриз
100 г чоколадо
150 г мелени ореви или 2 чаши
За прелив загрејте:
300 мл млеко
6 лажици шеќер
За глазура растопете:
100 г чоколадо
200 мл слатка павлака или 150 мл млеко.
посипете 1 чаша крупно мелени ореви.
Печете го колачот на 200 степени 25-30 минути.
ПОСТАПКА:
1.Во длабок сад изматете ги јајцата со жица, додајте шеќер, па потоа млеко и масло. Кога ќе ги измешате додајте ореви, брашно и прашок за печиво. Изедначете.
2.Во тенџере сипете го шеќерот, додајте шеќер и млеко, па кога ќе се загрее додајте го гризот и варете со непрекинато мешање додека згусне. Па додајте го чоколадото да се растопи и на крај мелените ореви. Оставете да се олади.
3.Во намастен и набрашнет плех со средна големина сипете половина од тестото и печете 10-тина минути во загреана рерна на 200 степени.
4.Распоредете го филот од гриз, а одозгора сипете го остатокот од тестото. Израмнете и вратете да се допече уште 15-тина минути.
5.Избоцкајте го со дрвена чепкалка па залијте го со преливот (топло со топло). Оставете да го впие целото млеко, исечете го, па одозгора сипете ја глазурата и посипете ореви.
Изладете го колачот пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/DGHzlXdpe-0?si=_ZVzaMVo_k3kSwWo