Рецепт и видео презентација на Сара од Мои Домашни Рецепти – Колач без печење за 10 минути готов.
Потребни состојки: 1 кафена лажичка нескафе, 1 кафена лажичка какао, 200 мл врело млеко, 300 г бисквити со какао, 30 г чоколадо. За крем: 80 г шлаг крем во прав, 1 кафена лажичка нескафе, 1 кафена лажиќка какао, 2 супени лажици шеќер во прав, 250 мл ладно млеко.
Постапка: Во чинија ставете по една кафена лажичка нескафе и какао во прав. Прелијте со 200 мл врело млеко и промешајте за да се растопат состојките. Оставете на страна. Во посебен длабок сад за матење ставете две кесички шлаг крем во прав (вкупно 80 г).
Додајте една кафена лажичка нескафе, 1 лажичка какао во прав, 2 супени лажици шеќер во прав и 250 мл ладно млеко. Добро изматете ја смесата со миксер додека да добиете густ крем. Подгответе калап со димензии 25х20 см и 300 г бисквити со вкус на какао.
Секоја бисквита кратко потопувајте ја во претходно приготвеното млеко со какао и нескафе и редете како прв слој на колачот. Потоа нанесете 4-5 супени лажици од изматениот крем (третина) врз бисквитите и убаво со шпатула израмнете ја површината.
Повторете ја постапката и наредете нов слој бисквити, претходно кратко натопувани во млекото. Рамномерно распоредете нов слој од кремот и убаво израмнете ја површината. На ист начин наредете и трет слој бисквити и распоредете го остатокот од кремот.
Одозгора изрендајте 30 г темно чоколадо или чоколадо по ваш ивор, па оставете го колачот во фрижидер преку цела ноќ. Следниот ден можете да го сечете и да го послужите. Сите детали од постапката за приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.