ЛЕДЕНО НЕБО или колачот 7+7+7 е толку вкусен и нежен, што мора да го пробате. Вака е наречен затоа што сè оди по 7, односно марката за речиси сите состојки е седум. Постапката за приготвување е многу лесна, а состојките сите ги имате дома.
Потребни состојки: 7 белки, 7 лажици шеќер, 7 лажици остро брашно, 3 лажици млака вода. За прелив: 100 мл млеко + малку рум. За крем: 7 жолчки, 7 лажици шеќер, 6 лажици остро брашно, 1 лажица густин, 800 мл млеко, 250 г маргарин / путер, 1 шлаг пена и 50 г чоколадо
Постапка за приготување на бисквитот: изматете ги белките со постепено додавање на шеќер, па брашно, па вода. Смесата печете ја во намастена тепсија или калап (35х23 см), на 160 степени додека да зарумени, околу 25 минути.
Извадете ја кората штом ќе ја промени бојата, во спротивно ќе се пресуши. Оставете да излади, па избоцкајте го со чепкалка и прелијте го со 100 мл млеко и малку рум. За поубаво да впие, може млекото да се загрее.
Крем: добро изматете ги жолчките заедно со брашно, шеќер, густин и 100 мл млеко. Наведената смеса додадете ја во 700 мл врело млеко и варете како за пудинг околу 5 минути со постепено мешање, па тргнете на страна и оставете да излади.
Кога кремот ќе излади, додадете пенасто изматен путер и убаво промешајте за да се изедначи. Готовиот крем нанесете го врз кората. Потоа одозгора нанесете шлаг и наросете ситно сечкано или рендано чоколадо. / Coolinarika.com Прочитајте го и вториот рецепт за брзите рафаело коцки:
II РЕЦЕПТ: Се топи во уста: Рафаело колач готов за 20 минути
Љубителите на кокос ќе уживаат. Многу лесен колач, може да го изедете без грижа на совест. Рецептот е класичен, ќе се изненадите дека вкусшност е едноставен, а добивате еден таков кремаст и нежен колач, на кој најмногу ќе му се израдуваат љубителите на кокосот.
Потребни состојки: 6 белки, 150 г шеќер, 100 г брашно, 150 г кокос, 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажичка оцет, 200 мл врело млеко за преливање на кориата кога е готова.
За фил: 800 мл млеко, 3 лажици шеќер, 6 жолчки, 3 лажици брашно, 2 пудинг од ванила (80 г), 200 г путер/маргарин, 150 г шеќер во прав и околу 50 г кокос за наросување.
Постапка: рерната загрејте ја на 200 степени. Белките изматете ги добро па додајте го шеќерот и матете со миксер додека да се растопи. Потоа додајте брашно, кокос, прашок за печиво и лажичка оцет и матете со најспора брзина или со лажица за да се соединат состојките.
Смесата излејте ја во плех (со средна величина) намастен со путер. Ставете да се пече во загреана рерна и нека се пече неколку минути на 200 степени, а потоа намалете на 180 степени и печете уште приближно 15-20 минути. Топлата кора рамномерно прелијте ја со една чаша врело млеко и оставете да излади.
За фил: измешајте 80 г прашок за пудинг, 3 лажици брашно, 3 лажици шеќер, 6 жолчки и околу 200 мл млеко (одземено од тие 800 мл). Остатокот од млекото, 600 мл ставете го на оган да зоврие.
Смесата со жолчките и пудингот добро изматете ја да нема грутки и додадете во врелото млеко со постојано мешање додека да згусне. Филот оставете го да излади. Потоа постепено додавајте го во пенасто изматен путер со шеќер.
Филот нанесете го врз кората, одозгора наросете кокос и колачот оставете го на ладење во фрижидер неколку часови или најдобро преку ноќ.