Рецепт и видео презентација на Валентина Машковиќ од „Кујната на Валентина Машковиќ”: „Колач 4 чаши“ – старински, сочен, за 5 минути, без миксер – буквално и дете може да го направи. Доволно е еднаш да го направите, ќе се воодушевите од вкусот.
![]()
![]()
![]()
![]()
Ако сте љубител на овошјето и на брзите, едноставни колачи кои се топат во уста, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Особено доколку немате доволно време; Не ви е потребна ни вага, ни миксер, и буквално секој може да го направи додека сварите кафе.

![]()
![]()
![]()
![]()
Величината на чашата не е важна, но важно е да користите една иста чаша за мерење. Минимална е чашата од 200 мл која ја користите за пиење вода или пак јогуртна пластична чашка. За да го приготвите овој сочен, старински колач, ќе ви бидат потребни следните состојки:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша јогурт, 1 чаша шеќер, 1 чаша брашно, 1 чаша гриз, 100 г путер растопен, 1 прашок за печиво, 2 ванилин шеќер, 1 лажица густин, 400 г овошје по ваша желба. Колачот се пече во плех со димензии 25х15 см или приближно, а се пече 25-30 минути на 180 степени.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКАТА е следна: во подлабок сад ставете една чаша брашно, додајте прашок за печиво и една лажица густин, па промешајте за да се изедначат состојките. Во мешавината може да додадете една мала кесичка капучино (1 лажица) или некоја друга арома, по ваш вкус.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во друг сад ставете една чаша јогурт (200 мл) и 100 г растопен и изладен путер или маргарин, 2 кесички ванилин шеќер, една чаша кристален шеќер и една чаша гриз. Убаво промешајте за да се растопи шеќерот и да се соединат состојките, за да добиете хомогена смеса.





Во оваа смеса започнете постепено да го додавате брашното со прашокот за печиво и капучиното. Мешајте со жица додека да добиете еднолична смеса, без грутчиња. Откако ќе го додадете целото брашно и ќе ја изедначите смесата, можете да ја излеете во подготвениот калап за печење.

![]()
![]()
![]()
![]()

Помал плех со димензии приближно 25х15 см малку намастете го и обложете го со хартија за печење. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Две третини од смесата излејте во обложениот плех и убаво распоредете. Одозгора наредете 300-400 г овошје по ваша желба, па преку овошјето излејте ја третината (преостаната) смеса.

![]()
![]()
![]()
![]()

Колачот ставете го во загреанат рерна и печете го околу 25-30 минути. Печениот колач оставете го да излади, па одозгора наросете го со шеќер во прав, а може и да прелиете со чоколадна глазура. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.
































