Брза сочна торта со кокос, сè по 12 лажици. Се подготвува за неколку минути, а потоа се пече и се залива со чоколаден прелив од кој колачот добива сочност и се топи во уста. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 12 лажици шеќер, 12 лажици масло, 12 лажици млеко, 1 кесичка ванилин шеќер, 12 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 2 лажици какао во прав, 3 лажици кокос (вкупно, користете 100 г кокос за оваа торта)
ЗА ПРЕЛИВ: 500 мл млеко, 6 лажици шеќер, 3 лажици како во прав, 50 г маргарин/путер, остатокот од кокосот од 100 г. Се пече во плех 30×23 см, на 180 степени 25-30 минути
ПОСТАПКА: Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Во подлабок сад рачно изматете три јајца, додајте 12 лажици шеќер и соединете. Потоа додајте 12 лажици масло за готвење и 12 лажици млеко, па повторно промешајте за да се изедначи.
Потоа промешајте една кесичка ванилин шеќер, 12 лажици брашно, една кесичка прашок за печиво и 2 лажици какао во прав. Добро измешајте за да не ви останат грутчиња од брашното. На крај вмешајте 3 лажици кокосово брашно и изедначете.
Добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет калап. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 25 минути. За тоа време пригответе го преливот:
Во тенџере сипете го млекото, додајте 6 лажици шеќер, 50 г маргарин, 3 лажици какао во прав и остатокот од кокосот. Промешајте и ставете на оган. Од моментот на зовривање гответе со мешање уште 2 минути.
Врелиот колач рамномерно залијте го со врелиот прелив и избоцкајте го со дрвена чепкалка за полесно да го впие. Оставете најмалку 2 часа да се олади, исечете го, декорирајте го со кокос или по желба, па послужете го. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.