КОКОС ВАНИЛИЦИ: Со малку работа – еден куп колачи! Овој вкус не се опишува…Запишете си го рецептот на баба ми, нема да се покаете! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 јајца
8 г ванилин шеќер
120 г шеќер
100 мл масло
300 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
И уште:
нутела за филување
200 мл млеко за натопување
100 г кокосови снегулки за валање
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад изматете ги јајцата со ванилата и шеќерот, па додајте го маслото и соединете. Нема потреба да вклучувате миксер, мешајте со кујнска маталка – жица.
Потоа постепено додајте го брашното и лажичка прашок за печиво. Кога смесата ќе згусне, домесете го тестото со рака. Треба да биде меко и лесно да се обликува.
Со дланките обликувајте топчиња и редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Ставете ги во загреана рерна на 180 степени и печете ги 15 минути.
Оставете да се оладат, па спојувајте ги две по две и помеѓу филувајте ги со нутела или друг чоколаден крем.
Секој колач кратко потопувајте го во ладно млеко, а потоа валајте го во кокосово брашно.
Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.