КОКОС ТОПЧИЊА…Ситни колачи со предобар вкус…Брзо и лесно се прават, а уште побрзо се јадат…Добивате 36 за 10 минути, потоа испечете ги за 25 минути и веќе има спремен десерт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
250 г маргарин или путер
100 мл масло
1 чаша шеќер во прав(1 прст празна)
1 чаша кокосово брашно
1/3 чаша скроб/нишесте/густин
1 ванилин шеќер
4 чаши брашно или по потреба
За валање помешајте:
1/2 чаша кокосово брашно
1/2 чаша шеќер во прав
ПОСТАПКА:
1.Соединете ги путерот, маслото и шеќерот во прав, па додајте кокос и промешајте. Потоа додајте нешто помалку од половина чаша скроб и 1 кесичка ванилин шеќер, па откако ќе се изедначи смесата започнете постепено да го додавате брашното.
2.Ќе ви бидат потребни приближно 4 чаши брашно, но сепак при месењето сами ќе оцените колку е доволно. Тестото треба да биде компактно, меко и лесно да се обликува.
3.Правете мали топчиња и редете ги во плех обложен со хартија за печење, а за тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 170 степени. Печете ги 25 минути, да останат светли.
4.Додека се топли тие се кршливи, затоа внимателно вадете ги од плехот и валајте ги во мешавината од кокос и шеќер. Оставете ги целосно да се оладат и сладете се во предобриот вкус. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/6LRF24Gh9BQ?si=EXoXhGmRzcunU7Hj