Кремаст кокосов десерт – готов за 5 минути подготовка
Овој нежен и богат кокосов десерт се топи во уста, а се подготвува брзо и лесно, без јајца, без желатин, без путер и без печење. Совршена свежа посластица за сите љубители на кокос, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки (за калап од 22–24 см)
За основата:
150 г мелени бисквити
4 лажици кокосови трошки
90 г стопен путер
За кремот:
500 мл млеко
400 мл кокосово млеко
200 г маскарпоне
80 г скроб/нишесте/густин
100 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
НМД
За декорација:
кокосови трошки (по желба)
зрна од калинка или друго црвено бобесто овошје

Постапка
1. Прво подгответе ја основата. Во сад измешајте ги мелените бисквити, 4 лажици кокос и стопениот путер. Смесата треба да има конзистенција на влажен песок.
2. Распоредете ја смесата рамномерно на дното од калап со дијаметар од 22–24 см.
Добро притиснете ја со дното на чаша или со задната страна од лажица за да добиете цврста и рамна основа. Ставете во фрижидер да се стегне додека го подготвувате кремот.
3. Во подлабок сад измешајте го скробот, шеќерот и ванилиниот шеќер. Постепено додавајте го кокосовото млеко и обичното млеко, мешајќи со жица за да нема грутки.
4. Ставете го тенџерето на средна температура и постојано мешајте додека смесата почне да се згуснува и да врие. Откако ќе проврие, варете уште 3 минути со континуирано мешање.
5. Тргнете го тенџерето од оган и продолжете да мешате уште неколку минути за да се олади малку. Потоа додајте го маскарпонето и мешајте енергично додека целосно се соедини со кремот и добиете свиленкаста текстура.
6. Прелијте го топлиот крем преку бисквитната основа. Рамномерно распоредете го и лесно протресете го калапот за да се изедначи површината.
7. Покријте со проѕирна фолија и ставете ја во фрижидер преку ноќ или најмалку 6–8 часа за да се стегне целосно.
8. Пред сервирање, посипете обилно со кокос и декорирајте по желба со црвено бобесто овошје и свежи гранчиња рузмарин.
Уживајте во оваа прекрасна свежа и кремаста кокосова фантазија! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












