Напомена: И покрај направените истражувања и изведените претпоставки и заклучоци, експертите советуваат дека сите луѓе подеднакво, без разлика на крвната група можат да се заразат од вирусот и дека сите подеднакво треба да бидат претпазливи.
Сè повеќе истражувања укажуваат на тоа дека крвната група ја одредува веројатноста од заразување и тежината на болеста кај koвид 19.
Овогодишната студија направена по повод епидемијата со новиот вирус, покажа дека луѓето со нулта крвна група имаат најмали шанси да се заразат со koвид 19 од оние со друга крвна група, пренесе Healtline.
Научниците исто така забележале дека луѓето со нулта крвна група имаат помала шанса да развијат потешка форма на болеста доколку се инфицираат со koвид 19.
Оваа студија се надоврзува на претходната студија направена во јуни чии резултати покажаа дека луѓето кои припаѓаат на А крвна група се во поголем ризик да се заразат со kopoна вирус за 45% во однос на останатите крвни групи.
Исто така, една студија направена уште во март во Кина, покажала дека луѓето кои припаѓаат на А крвна група се поизложени на ризик од заболување со kopoна вирусот од останатите.
Интересно е дека и кинеските научници во таа студија дошле до резултати кои покажуваат дека припадниците на нулта крвна група имаат нешто поголема заштита од другите.
Експертите се загрижени дека ваквите резултати би можеле да разбудат уште поголем страв кај оние што припаѓаат на А крвна група.
Тие предупредуваат дека сите мораат подеднакво да се чуваат од заразување, бидејќи никој поради припадност на некоја одредена група не е потполност имун на овој вирус.