Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден.

Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден.

Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела.

Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата. Во среда и петок јадењата се на вода, односно се подготвуваат без масло. Понеделник, вторник и четврток се со масло, а во сабота и недела дозволено е јадење риба.

Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое з ло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.

АПОСТОЛСКИ ПОСТ

Не толку одамна заврши Великиот Пост, поминаа Пасха и Духовден. И ете, сега одново започнува пост. Зошто? Ако погледневме во православниот календар, ќе испадне дека поголем дел од деновите во годината се посни. И иако траењето на Петровденскиот (или апостолскиот) пост е променливо, ситуацијата не се менува.

Петровденскиот пост може да трае од една седмица и еден ден, до шест седмици. Тоа зависи од денот на кој се слави Велигден, кој пак се менува секоја година, а од кој се пресметува почетокот на Петровденскиот пост (првиот понеделник од втората седмица по Педесетница).

Овој летен пост има неколку имиња: пост на Педесетница (затоа што неразделиво е поврзан со овој празник), Петровденски (затоа што завршува на Петровден), Апостолски (затоа што бил востановен од апостолите).

Врската на овој пост со Педесетницата е многу подлабока од самото пресметување на деновите на постот. Додека трае некој празник не се пости, затоа што празникот е радост, а постот – време за работење на себеси.

Откако на денот на Педесетницата Светиот Дух слегол врз апостолите, тие пребивале во пост и молитва, подготвувајќи се за вселенска Евангелска проповед. Да му се раскаже на целиот свет за тоа што се случило во Светата Земја и што заповедал Христос била тешка задача.

Затоа, учениците Христови собирале сила пред да тргнат на пат. Велигден и Духовден ние ги празнуваме секоја година. И секоја година, проживувајќи ги настаните што се опишани во Светото Писмо, ние внатрешно го проживуваме сето тоа што тогаш се случило.

И секоја година, раководејќи се од духовниот опит на светиите (меѓу нив, и апостолите), стапнуваме на патот на себеусовршување. Некој можеби ќе праша: ако е толку важно, оти не постиме цела година? Или, напротив, зошто не пребиваме во радост цела година?

Со текот на времето Христијаните стекнале богат духовен опит. Се разбира дека од време на време на човека едноставно му е потребна „оддишка“, мал одмор, инаку тој нема да издржи.

Прашале еден старец зошто тој, Христијанин, кој поучува на сериозни нешта, од време на време им кажува шеги и смешни приказни на учениците. Старецот го споредил човекот со затегната стрела.

Ако лакот е опуштен, тој виси и не е добар ни за што, а доколку се затегне, ќе може да се ст-рела со стрелата. Но, доколку лакот го затегнеме посилно или подолго време, без да го опуштиме, тој ќе се ис-крши. Исто станува и со човекот.

Зачудува што истото важи и за радоста. Човекот не може да ја истрпи непрестаната радост, особено една така силна радост, како што е духовната. И за тоа е нужно да се стекне со соодветен опит.

Затоа и тука е потребен одмор. Можеме да заклучиме дека дните во годината се распределени во сооднос со нашите сили: и за духовна радост, и за духовен труд.

„После продолженото празнување на Педесетницата постот е особено потребен, за преку тој подвиг да ни се очистат мислите и да бидеме достојни за даровите на Светиот Дух, – пишува светиот Лав Велики.

После празникот на кој Духот Свет осветува со Своето слегување, следи сенароден пост… Оти, ние не се сомнемаме дека, откако апостолите се исполниле со ветената сила одозгора, и Духот на Вистината се вселил во нивните срца, меѓу другите тајни на небесното учење, од Утешителот им било предадено и учењето за духовно воздржание, за срцата, очистени од постот, да бидат способни да ги примат благодатните дарови…

Знаеме дека она што ѝ користи на надворешноста на човекот го униш-тува она што е внатре, и спротивно, разумната душа сè повеќе се очистува, како што плотта се умр-твува“.

Светиот Лав Римски пишува: „Од апостолските правила, кои ги вдахновил Самиот Бог преку Светиот Дух, гледаме дека црковните водачи уредиле така што секој добродетелен подвиг да започне со пост“.

Значи, постот не ни е потребен само за да станеме подобри, туку и за во себе да ја сочуваме радоста, даровите кои ги добиваме во големите празници како Педесетница (Духовден), и секако, Пасха (Велигден).

Секако, суштината на постот не е во јадењето, затоа што тој не е диета. Најглавното е – да се стремиме со сето свое битие да се обратиме кон Бога, кон небесното, да се одвратиме од земното, ниското, минливото.

Првата асоцијација на пост е – храната. Да, секако. Затоа што подвижниците советувале бор-бата со ст-расти да започне токму од бор-бата со стомакоугодието; токму од острас.теноста кон храната се јавуваат сите останати по-роци (ова го забележале уште античките философи).

Оттука, најполезниот начин за бор-ба е избавување од коренот, од причината. „Прво треба да се избориме со стомакоугодието, – и да го избистриме умот не само со постот, но и со бденија, но и со читање и непрестано скрушување на срцето“, – напишал преподобниот Јован Касијан Римјанин.

Посното „мени“ е средство за борба со гревот, а никако не е цел. Другиот важен дел од постот е исповедта и причеста. Со овие Тајни човекот ја очистува својата душа од гревови и добива сила од Бога за борба со пороците. / Олга Богданова / „Тавор“ бр. 3 / Кумановско-Осоговска епархија