Овој совет нема да им се допадне на љубителите на летните салати, особено оние кои содржат домат, но и сите други производи добиени од овој вкусен плод како што е кечапот и салцата на пример.
Сочното, освежително црвено овошје полно со ликопен го сакаат сите и го сметаат за безбедна и многу здрава храна, но доматите всушност можат да имаат некои лоши несакани ефекти.
Ако почувствувате некој од следниве симптоми, можеби припаѓате на група луѓе кои не треба да консумираат домати, според Brightside.me.
Гастричен рефлукс
Доматите припаѓаат на многу кисела храна и затоа може да предизвикаат „киселини“ или ждригавица кај луѓе кои страдаат од гастритис или гастроезофагеален рефлукс.
Дури и ако сте здрави и не страдате од овие стомачни проблеми, ако јадете многу домати или сос од домати, и вие можете да ги доживеете овие непријатни симптоми.
Болки во зглобовите
Верувале или не, премногу домати во исхраната може да предизвикаат болки во зглобовите! Причината е алкалоидот наречен соланин, кој го гради калциумот во ткивата, а го има многу во доматите. Премногу калциум во ткивата може да предизвика воспаление, болка и оток во зглобната област.
Проблеми со бубрезите
И ова има врска со складирањето на калциум. Доматите се богати и со оксалат, супстанција која тешко се метаболизира кога се зема прекумерно и може да резултира со формирање на камења во бубрезите.
Црвеното сочно овошје содржи и многу калиум, што може да влијае и на функцијата на бубрезите. Ако веќе имате некои проблеми со бубрезите, бидете особено внимателни!